Ролс Ројс за 8,5 мил. фунти
Единствениот Ролс Ројс, изработен во 1934 година за индискиот махараџа Рајкот, ќе биде понуден на аукција каде би требало да биде продаден за 8,5 милиони фунти.
Автомобилот е моментално во приватниот музеј на колекционерот Ханс Гунтер Зак во Германија. Понудите за автомобилот ги прима до 15-ти септември.
Една од карактеристиките на Ѕвездата на Индија, како што го нарекуваат е додатните светла кои се движат пратејќи ги вртењата на воланот.
Покрај Ролс Ројсот Зак ги продава и сите останати примероци од музејот (има 24 примероци) меѓу кои се други ретки Ролс Ројс-ови и три Бентли.
Значаен е Ролс 40/50 HP Phantom и Open Tourer од 1926 година, познат под името Алуминиумска скулптура, работен за махараџата Нанпара и Phantom II кабриолет од 1929 година изработен за махараџата Рев.