Red Dot награда за ŠKODA Rapid Spaceback, автомобилот кој ги освои срцата на дизајнерите
ŠKODA Rapid Spaceback ја освои глобално посакуваната награда „Red Dot“ за исклучителен дизајн на производ. Стручното жири ја доделува оваа најпозна меѓународно призната награда за дизајн еднаш годишно, како дел од манифестацијата „Red Dot Design Awards“. Новата ŠKODA Octavia Combi RS, исто така ги освои симпатиите на стручното жири ја освои специјалната награда именувана како „Honourable Mention“. Досега, седум модели од брендот ŠKODA ја освоија наградата „Red Dot“.
Импресивни пропорции, чисто исцртани површини и остро извлечени линии ја карактеризираат надворешноста на ŠKODA Rapid Spaceback. Новиот дизајнерски јазик на ŠKODA се рефлектира и кај овој автомобил преку чистата, експресивна и свежа форма. Rapid Spaceback е резултат на повеќе од сто години усовршување на софистицирниот ŠKODA дизајн. Заедно со силните гени, главниот дизајнер на ŠKODA, Јозеф Кабан и неговиот тим, сега ги поставија и новите трендови во дизајнот на современите автомобили.
Откако беше исклучително добро примен на пазарот, модерниот дизајн сега ги освои и судиите кои му ја доделија престижната награда за дизајн. ŠKODA Rapid Spaceback, компактниот модел со пет врати ја освои наградата „Red Dot" за исклучителен дизајнерски квалитет пред острата конкуренција.
40 меѓународни дизајнерски експерти кои внимателно го оценуваа ŠKODA Rapid Spaceback и неговите конкуренти. Главни критериуми при оценувањето беа иновациите, функционалност, ергономијата и издржливоста, како и компатибилноста со животната средина и едноставноста во управувањето. Вкупно 1816 производители, дизајнери и архитекти од 53 земји конкурираа со вкупно 4815 производи.
Со победа на Red Dot ŠKODA Rapid Spaceback се надоврза на успехот на Rapid, кој пред една година ја освои оваа посакувана награда за дизајн. Резултатот покажува дека хармоничниот и урамнотежен изглед на компактниот автомобил ги освои вкусовите на експертите и потрошувачите.
"Среќни сме што нашата работа и карактеристичниот изглед на моделите на ŠKODA се толку добро примени. „Red Dot" наградата е потврда дека сме на вистинскиот пат во развојот на дизајнерскиот јазик на ŠKODA“, изјави главениот дизајнер за ŠKODA Јозеф Кабан и додаде: "ŠKODA Rapid Spaceback докажува дека софистицираниот дизајн е многу важен и треба да се разбере сериозно, дури и кај компактната класа."
Покрај новиот Rapid Spaceback, уште еден модел на ŠKODA ја освои награда на Red Dot, наградата отиде кај новата Octavia RS. Вонвременски елегантна, креативно дизајнираниот спортски модел ја освои наградата „Honourable Mention" за особено успешно решение. Лимузинската изведба на ŠKODA Octavia, ја освои оваа награда минатата година.
Новата ŠKODA Rapid Spaceback го комбинира естетскиот дизајн со многу практични функции. Тука пред сè е големата заштитна опрема, економичните мотори и голема вредност и простор за вложените средства. Компактниот Rapid Spaceback автомобил е прилагодлив за повеќе намени. Во прилог на ова е големиот простор за нозете - дури и во задниот дел и големиот багажен простор со капацитет од 415 кој може да се зголеми на 1380 литри, што го прави овој современ автомобил со пет врати еден од најдобрите во својата класа.
По седми пат ŠKODA ја освојува наградата „Red Dot“ за дизајн. Успешната Octavia Combi беше првиот модел на чешкиот производител кој ја доби оваа престижна награда за квалитетен дизајн во 2006 година.
Една година подоцна, експертите го прогласија моделот ŠKODA Roomster, а потоа во 2008 година триумфираше Škoda Fabia која исто така ја освои наградата Red Dot.
Во 2010 година производителот од Млада Болеслав, постигна двоен успех со моделите: ŠKODA Yeti и Superb Combi. Минатата година, наградата ја освои ŠKODA Rapid, модел кој го пренесе новиот дизајнерски јазик на ŠKODA.