Панчо ДНК со својот нов Captur во работен летен поход
Иако македонската естрада е периодична и не секогаш можеме да се пофалиме со добра и континуирана македонска продукција, сепак постојат и исклучоци. Еден од нив е Панчо ака Диџеј Шорти, познат од дуото ДНК, кој е константно посветен на креирање нови хитови и забавување на сите нивни фанови, кои се чести гости на неговите диџејски сетови.
Тој и ова лето одлучи да му биде работно поради желбата за задоволување на сите љубители на музиката на ДНК, но и на забавите кој тој ги креира, како во домашните, така и во странските ноќни клубови.
„Оној кој си ја сака работата и е исполнет, не чека со душа да дојде лето за да може две недели негде да се излежува. Затоа и ова лето, решив да се посветам на работата која заедно со Андреј ќе ја крунисаме на концертот со бенд, кој е планиран за крајот на месец јули во Охрид. А, за исполнување на сите работни обврски мора да се има поддршка од најблиските, но и од некој кој ќе помага се да се постигне. Во мојот случајот тоа е мојот Каптур кој ми овозможува да стигнам насекаде навреме.“ – вели Панчо, кој е познат креатор на добрите ноќни забави ширум државата.
Инаку Панчо ја продолжува соработката и останува дел од семејството на Аутомотив Груп, овој пат потпишувајќи ексклузивен договор со брендот RENAULT.
Стана сопственик, а воедно и заштитно лице на автомобилот кој е прогласен за најдобар градски кросовер за 2014 година – Captur. Моделот претставува иновативен спој на стилот и функционалноста , исклучително практичен , елегантен , отмен, веќе е брендиран и го носи потписот на Панчо со кој може да се забележи низ градските улици.
Куманово, Охрид, Дојран, Штип, Струга, Кичево и нормално Скопје, се само дел од градовите кои диџеј Шорти ќе ги посети летово. Неговата работа ќе биде крунисана со концертот на ДНК во Охрид.