ŠKODA на Wörthersee го претстави ŠKODA CitiJet

Автомобил од соништата направен од практикантите на ŠKODA - концепт на двосед кабриолет.

skoda-na-woerthersee-go-pretstavi-skoda-citijet-01.jpg

Чиста емоција: На GTI средбите покрај извонредниот Yeti Xtreme, дебитираше и CitiJet - концепт направен од страна на практикантите на ŠKODA. CitiJet е динамичен градски автомобил со експресивен дизајни кој всушност претставува кабрио изведба врз основа на ŠKODA Citigo.

Двоседот е резултат на проектот "Автомобил на практикантите", кој за прв пат се спроведува оваа година. Во надворешноста има метален финиш во сино - бело боја и спортски 16-инчни алуминиумски тркала, а како дополнување тука е и рачно изработениот заден спојлер и моќните издувни цевки. 1.0 MPI бензински мотор со 55 kW / 75КС се наоѓа под хаубата.

Автомобилот, исто така, има спортски ентериер со опрема која може да се најде кај специјалната верзија ŠKODA Citigo Sport. Покрај сите овие елементи, креаторите поставија и моќен аудио систем од 300W, на кој реагира LED системот за осветлување во внатрешноста.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg