Светска премиера на "Volkswagen GTI Roadster":

На легендарните GTI средби во Wörthersee оваа година Volkswagen ги избриша границите меѓу виртуелниот и  реалниот свет. Причината за тоа е светската премиера на концепт автомобилот, кој првично беше замислен како чисто компјутерски генериран автомобил за PlayStation 3  - GTI Roadster.

svetska-premiera-na-volkswagen-gti-roadster-1

Кабриолетот со две седишта е придвижуван од  3.0-литарски V6 biturbo мотор кој има моќност од 370 kW,  односно 503 КС. Кај V6 TSI моторот максималниот вртежен момент изнесува 560 Nm кој се добива помеѓу 4000 и 6000 вртежи во минута.

Моќта од 500 Nm вртежен момент, кај бензинскиот мотор со директно вбризгување, достапна е веќе од 2000 вртежи во минута.

Огромната моќ на TSI моторот се пренесува на 20-инчните тркала преку  7 степен автоматски менувач (DSG) со двојна спојка a автомобилот дополнително го има и системот 4MOTION за погон на сите тркала.

Овој супер спортски автомобил тежи само 1420 кг и од 0 до 100 km/h забрзува за само 3,6 секунди. Максималната брзина е 309 km/h!

svetska-premiera-na-volkswagen-gti-roadster-2

svetska-premiera-na-volkswagen-gti-roadster-3

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg