SEAT Ibiza CUPSTER - отворен до максимум за забава до максимум

На Wörthersee средбите, SEAT покажа сосема ново видување на повеќе успешни модели од историјата на компанијата – Со SEAT Ibiza CUPSTER се прославува 30-тиот роденден на Ibiza модел кој максимално е отворен за забава.

seat-ibiza-cupster-otvoren-do-maksimum-za-zabava-do-maksimum-1

Ветробранско стакло кое  ја опколува кабината и целосното отсуство на покривот му даваат изглед на CUPSTER како на мала ракета која е наменета единствено за возачот и совозачот. Врвната динамика, кај Ibiza CUPRA,  ја обезбедува моќниот мотор TSI со 132 kW / 180 КС и DSG автоматскиот менувач со двојна спојка.

Концепт автомобилот беше во центарот на вниманието на легендарниот GTI настан кој се одржува во австрискиот град Карнет. CUPSTER беше придружуван од страна на најжешкиот член на семејството Leon моделот Leon CUPRA Black Edition. CUPRA го претставува спортскиот пакет и тркачот Leon, заедно го создаваат дерби тркачкиот болид од SEAT наменет за EUROCUP  натпреварите.

seat-ibiza-cupster-otvoren-do-maksimum-za-zabava-do-maksimum-2

SEAT исто така понуди возбудлива програма за љубителите на шпанскиот бренд, на еден  привлечен начин, како на пример тенис со вистински автомобили. Организаторите на годинашното 33-то издание на GTI средбите пречекаа повеќе од 100 000 посетители во текот на четирите дена додека траеше настанот.

seat-ibiza-cupster-otvoren-do-maksimum-za-zabava-do-maksimum-3

"Автомобилот Ibiza отсекогаш бил срцето на брендот SEAT - млад, динамичен автомобил со емоционален дизајн, практични елементи за секојдневните патувања и одлична вредност за парите", изјави Јурген Штакман, претседател на SEAT SA  и додаде "На Wörthersee, ние ја прославуваме 30 годишнината на нашиот најуспешен модел во една поинаква фасцинантна форма Ibiza CUPSTER".

"Со својата силуета, моќните пропорции и ниската положба на седиштата, CUPSTER е  олицетворение на динамичните вредности на брендот SEAT. И со дизајнот и со спортскиот карактер, CUPSTER е врвната изведба на популарната  Ibiza – која нуди големо задоволство при возењето", истакна д-р Матијас Рабе , потпретседател во SEAT SA  и одговорен за истражување и развој.

seat-ibiza-cupster-otvoren-do-maksimum-za-zabava-do-maksimum-4

seat-ibiza-cupster-otvoren-do-maksimum-za-zabava-do-maksimum-5

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg