Од премиерата во Женева новата C-Class и GLA директно во Скопје

Мак Аутостар со два нови модели на Mercedes-Benz го прославува 20 годишниот јубилеј

od-premierata-vo-zeneva-novata-c-class-i-gla-direktno-vo-skopje-01

По неколку дена од европската премиера на автосаемот во Женева, новата C-Class е веќе во Македонија. Заедно со C-Class претставен е и сосема нов модел, Mercedes-Benz GLA, компактен SUV кој многумина со нетрпение го очекуваа неговото пристигнување, чиј концепт во премиум сегментот е единствен во светот.

Под мотото „Посветени како никој друг“, Мак Аутостар го прославува 20 годишниот јубилеј од своето постоење и на сосема невообичаен модерен начин,досега несвојствен за Mercedes-Benz, заедно со познатиот DJ Саф и Игор Сакс ги претстави во исто време двата нови модела. За оваа прилика салонот на Мак Аутостар беше целосно преуреден во Club Café.

„.Mercedes-Benz изминативе две години храбро го претставува своето ново лице, создавајќи мост меѓу модернизмот и авантгардата, меѓу традицијата и прогресот. Резултат на тоа се новите модели, со динамичен дизајн и сензуални форми кои мошне вешто ги поттикнуваат емоциите. Така е и со новата C-Class и новиот GLA, кои веќе се прифатени со воодушевување, изјави директорот за маркетинг на Mercedes-Benz Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.

Новиот GLA –Class

od-premierata-vo-zeneva-novata-c-class-i-gla-direktno-vo-skopje-1

Новиот GLA е премиум компактен SUV со купе дизајн. а до израз доаѓа мускулестата форма на возилото.

Кога ќе се погледне ентериерот, тој дава чувство на висок квалитет што е постигнато со помош на изборот на материјали со висок квалитет, како и динамичниот дизајн и прецизноста во изработката и поставеноста на разните детали.

Други опции кои се на располагање во внатрешноста се мултимедискиот систем COMAND Online, Bluetooth I USB конекција, како и Drive Kit Plus системот  кој овозможува директно бирање на музика од I-phone.

GLA 4MATIC и off-road

Новиот GLA озможува не само виртуелно интернет патување, туку и вистинско и тоа на различни терени. За таа цел Mercedes-Benz во новиот GLA ја нуди новата генерација на 4MATIC – погон на сите тркала, со целосна варијабилна дистрибуција на вртежниот момент како опција. Овој унапреден ситем овозможува висока тракција со подлогата, полесен е за 25% во однос на системите на конкуренцијата и е може да пренесе моќност до 360 кс и вртежен момент од 450 Nm. Инаку, врвните модели се стандардно опремени со 4MATIC.

Мотори и ефикасност

Новиот GLA располага со бензински и дизел мотори во опсег од 136 до 211 кс.

Бензинските мотори се достапни во две варијанти на зафатнина и тоа: 1.6 и 2.0-литри со моќност од 156 кс кај модел GLA 200 и со моќност од 211 кс кај моделот GLA 250. Моделот GLA 250 4MATIC од 0 до 100 км/час забрзува за само 7.1 секунди и развива максимална брзина од 230 км/час и комбинирана потрошувачка од само 6.5 л/100 км (емисија 151 g CO2/km).

Двата дизелски мотори, односно во моделот GLA 200 CDI се вградува мотор со зафатнина од 2.2 литри и развива моќност од 136 кс и максимален вртежен момент од 300 Nm, додека  потрошувачката на гориво изнесува само 4,3 литри/100 км и емисија од само114 g CO2/km.

Моделот GLA 220 CDI со идентична зафатнина на моторот, развива моќност од 170 кс и вртежен момент од 350 Nm.

Сите мотори се со Еуро 6 станадарди на емисија на штетни материи, ECO start/stop функција и 6-степена мануелна трансмисија или 7G-DCT автоматски менувач со двојна спојка (стандардно кај моделите GLA 250, GLA 220 CDI и моделите опремени со 4MATIC-погон на сите тркала).

od-premierata-vo-zeneva-novata-c-class-i-gla-direktno-vo-skopje-2

Аеродинамичност: лидер во својот сегмент

Новиот GLA е уште еден модел на Mercedes-Benz кој е лидер во својот сегмент според аеродинамичноста, со вредност на коефициентот од само 0,29. Добриот коефициент на отпор на воздухот е значаен фактор за ниската потрошувачка на гориво во секојдневни услови.

Бројни мерки се преземени и за намалување на нивото на бучавост од ветар, како што е повеќеслојната рамка за затворање на вратите, како и затворањето на прозорите. 

Интелегентна безбедност. Напредни помошни системи

Бројни помошни системи се достапни во новиот GLA кои значително го олеснуваат управувањето на возилото. Стандардна опција е функцијата ATTENTION ASSIST која ја детектира евентуалната премореност на возачот, како и радарската функција COLLISION PREVENTION ASSIST заедно со adaptive Brake Assist, кои помагаат при избегнување на евентуални судари при брзини на движење поголеми од 7 км/час. Оваа функција кога е во комбинација со DISTRONIC PLUS станува COLLISION PREVENTION ASSIST PLUS.

Функцијата нуди дополнителна безбедност односно кога постои опасност од можен судар и кога возачот не успева да одговори за да го избегне истиот, системот самостојно реагира и врши автоматско сопирање на возилото. Како други системи се вбројуваат и Lane Tracking пакетот, Blind Spot Assist и Lane Keeping Assist или Adaptive Highbeam Assist,како и Active Parking Assist, функција која овозможува автоматско паркирање.

 C-Class

od-premierata-vo-zeneva-novata-c-class-i-gla-direktno-vo-skopje-3

Новата C-Class навестува ново поглавие на успешната приказна на Mercedes-Benz и поставува нови стандарди во премиум, средната класа на автомобили. Од воведувањето на овој модел во далечната 1982 година, досега се продадени 8,5 милиони, а од нив 2,7 милиони C-Class се продадени од последниот модел односно од 2007-та година. C-Class e поголема во однос на својот претходен модел, односно за 80 мм е зголемено меѓуоскиното растојание (2840 мм), а должината е зголемена за 95 мм и изнесува 4684 мм, додека широчината на возилото е поголема за 40 мм и вкупно изнесува 1810 мм.

Надворешен дизајн

od-premierata-vo-zeneva-novata-c-class-i-gla-direktno-vo-skopje-5

Во однос на изгледот, новата C-Class претставува храбро претставување на нешто сосема различно од претходникот со мошне впечатлив динамичен дизајн ги сензуланите форми кои ги поттикнуваат емоциите.

Може да се направи избор меѓу два различни дизајни на предниот дел на новата C-Class и тоа спортска верзија со централно поставна ѕвезда на брендот или класичната верзија со поставена Mercedes ѕвезда на капакот на моторот.

-        

Нискиот коефициент на отпор на воздухот е најважен параметар во постигнување на исклучителна ефиканост. Со коеф. на аеродинамичност Cd=0.24 за моделот C 220 BlueTEC BlueEFFICIENCY Edition, новата C-Class постави нов станадард во средната класа на автомобили.

 Внатрешен дизајн

od-premierata-vo-zeneva-novata-c-class-i-gla-direktno-vo-skopje-4

Дизајнерите на Mercedes-Benz ја обликуваа внатрешноста на ниво кое ретко може да се сретне, дури и кај автомобилите од повисоката класа. За оваа цел се вградени внимателно одбрани материјали со висок квалитет и прецизно изработени детали.

Новини кај C-Class се активната вентилација на седиштата,амбиенталното осветлување, и Air Balance пакетот кој овозможува освежување на кабината со мирис.

Новата C-Class нуди бројни иновации како помошни и системи за безбедност. Опремена е станадардно со ATTENTION ASSIST, систем кој може да го предупреди возачот при случај на невнимателност или замор при возењето. COMAND Online навигацијата нуди мошне корисни инфомации како што се опциите за локации за застанување за краток одмор итн.

Друг стандарден систем е COLLISION PREVENTION ASSIST PLUS, иновативен систем кој исто така поседува дополнителни функции го овозможува следното: кога постои ризик од судар и кога возачот не е во можност правовремено да реагира на ситуацијата, системот овозможува автоматско сопирање на возилото при брзини на движење со 200 км/час.

Останати напредни системи се:

  • DISTRONIC PLUS со Steering Assist и Stop&Go Pilot, претставува полуавтоматски Stop-and-Go помошен систем,
  • PRE-SAFE® Brake може да детектира неподвижни возила, дури и пешаци и самостојно се активира сопирачката доколку возачот не успее да реагира со цел да спречи евентуална сообраќајна незгода при брзина на движење до 50 км/час или да ги намали последиците при брзини на движење до 72 км/час.
  • Active Parking Assist, овозможува автоматско паркирање со активно управување и сопирање при паралелно или паркирање наназад
  • 360° камера, во можност е да го покаже возилото и неговото опкружување од различни перспективи, вклучитечно и т.н. „птичја перспектива“

Динамичко управување и ефикасност

 Благодарение на иновативната лесна конструкција со алуминиумски легури, вкупната тежина на возилото е намалена за околу 100 кг, што значитечно придонесува за ефиксноста и одржливоста на новата C-Class.

Новата C-Class e прво возило во својот сегмент кое може да биде опремено со опциска воздушна суспензија AIRMATIC, на предната и задната оска. Благодарение на електронската контрола, континуираното променливо потпирање напред и назад, автомобилот нуди вистинско задоволство при возењето со исклучително низок степен на вибрации предизвикани од тркалата.

Возачот може преку прекинувач да избере меѓу различните карактеристики на возење и тоа:"Comfort", "ECO", "Sport" и "Sport+".

Мотори

Моќните и ефикасни бензински и дизел мотори, сите опремени со ECO start/stop функцијата, поседуваат Euro 6 станадард, што освен намалување на емисија на штетни материи се постигнува и намалување на потрошувачката на гориво за 20%, во однос на минатиот модел.

На располагање за почеток ќе бидат мотори во опсег од 156 кс до 184 кс. Подоцна ќе се појави и помал дизел мотор со зафатнина од 1.6 литри со 115 кс и 136 кс, како и мотор во спортските модели со 510 кс.

Достапен е и натаму напредната верзија на веќе докажаниот 2.2 литарскиот 4-цилиндричен мотор, кој во различни верзии дава моќност до 204 кс.

4-цилиндричните бензински мотори со моќност од 156 до 245 кс.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg