Ексклузивно: Новата C-Class и новиот SUV, Mercedes-Benz GLA пристигнаа во Македонија
Ексклузивно: веднаш по премиерата во Женева, во Македонија штотуку пристигнаа новата C-Class и новиот компактен SUV, Mercedes-Benz GLA
Интересот за овие модели е огромен поради исклучително модерниот изглед и задржани традиционални елементи на Mercedes-Benz.
Новиот GLA е сосема нов модел на Mercedes-Benz, спортски купе дизајн на урбан теренец, а заедно со новата C-Class донесоа многу иновации во автомобилскиот свет и поставија сосема нови стандарди во својата класа, а еден од нив е дека и двата се најаеродинамични автомобили.
Следните денови се очекуваат повеќе информации по официјално претставување на двата модела од страна на Мак Аутостар.