Мак Аутостар со „исклучителна“ новина за своите клиенти за 20 годишниниот јубилеј - се воведува Mercedes-Benz Mobilo

„Што да правам сега, се наоѓам на паркинг во 11 часот навечер, надвор од Љубљана, во Словенија, а клучот внатре во автомобилот“. Вака изгледаше повик од еден клиент од Мак Аутостар, кој панично бараше помош.

mak-autostar-so-isklucitelna-novina-za-svoite-klienti-za-20-godisniot-jubilej-se-voveduva-mercedes-benz-mobilo-01

Само неколку дена пред случката, Mercedes-Benz заедно со Мак Аутостар почна со воведување на новата услуга Mercedes-Benz Mobilo за своите клиенти во Македонија. Настанот претставуваше вистински предизвик веднаш да се тестира услугата.

За половина час подоцна, екипата на Mercedes-Benz го лоцираше возилото и истото беше однесено во најблискиот овластен сервис, а сопственикот сместен во хотел. Утре напладне тој се јави во Мак Аутостар за да се заблагодари и притоа информира дека проблемот веќе е решен, а тој пресреќен е на пат кон Македонија.

Mercedes-Benz Mobilo во основа не е само вообичаена „24 часа помош на пат“, туку услуга која помага во надминување на оние проблеми кои евентуално би го попречиле патувањето, па дури и возилото да останало без гориво. Оваа услуга важи ширум Европа, достапна е 24 часа и се користи едноставно со јавување на телефонскиот број + 389 2 31 81 373.

mak-autostar-so-isklucitelna-novina-za-svoite-klienti-za-20-godisniot-jubilej-se-voveduva-mercedes-benz-mobilo-03

„Со задоволство можам да најавам и тоа токму кога Мак Аутостар прославува 20 години од своето постоење, дека се воведува нова, уникатна услуга Mercedes-Benz Mobilo која на сопствениците на Mercedes-Benz им овозможува секогаш да стигнат онаму каде што тргнале на своето патување. Услугата во основа дава безгрижност на пат и е достапна ширум Европа“, изјави директорот на пост-продажба на Mercedes-Benz Македонија, Ѓорѓи Крајчев.

„Воопшто не е важно дали проблемот е предизвикан од страна на сопственикот или од некој друг, дали сте ставиле бензин наместо дизел гориво или некаде сте го заборавиле клучот, туку најважно е патниците во Mercedes-Benz возилото да стигнат онаму каде што планирале. Toa е важно бидејќи само така се одделуваат сопствениците на Mercedes-Benz возила од сите останати“, изјави Крајчев.

Службата на Mercedes-Benz обезбедува помош онаму каде што се наоѓа возилото во Европа и воедно презема активности истото да биде повторно подготвено за на пат, или при посериозен проблем возилото да биде пренесено во овластен сервис на Mercedes-Benz, а патниците на друг начин да го продолжат патувањето. При различни услови на располагање се разни можности како што се помош на пат, влечна служба, возило за замена, преноќиште, патување со друго превозно средство и др.

Инаку, услугата Mercedes-Benz Mobilo е достапна со секое ново возило, како и кај сите оние што се регистрирани по 1.4.2008 г. и истата трае четири години. По овој период, услугата може да се продолжува секоја година до максимални 30 години, доколку возилото се одржува редовно во овластен сервис.

mak-autostar-so-isklucitelna-novina-za-svoite-klienti-za-20-godisniot-jubilej-se-voveduva-mercedes-benz-mobilo-02

Повеќе информации на www.mercedes-benz.mk, во делот на сервис и резервни делови.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg