Шкода Октавиа – автомобил на годината во Македонија

skoda-octavia-avtomobil-na-godinata-vo-makedonija-1

На 19-от национален избор на автомобил на годината во Македонија за 2014, Шкода Октавиа е избрана за автомобил на годината во Македонија за 2014. Националното стручно жири составено од Агрон Сулејман-претседател, Горан Антевски, Љупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ и Томислав Биљарац -почесен член, едногласно ја избра Шкода Октавиа, во конкуренција на Мазда 3, Мерцедес ЦЛА, Митсубиши Спејс Стар, Пежо 308, Пежо 2008 и Сузуки С-Крос.

Ова е втора титула-признание за Шкода Октавиа, која исто така во 1999 година беше избрана за автомобил на годината во Македонија.

Атрактивна и економична, третата генерација на најпопуларниот модел Шкода Октавиа овозможува удобно,  безбедно и практично патување. Уште поголем простор и комфорно место за пет лица, како и најголем багажник во класата со волумен од импресивни 590 литри. Внатрешноста е надополнета со најмодерни технолошки додатоци и бројни „едноставно паметни" решенија , нов мултимедијален систем преку кој можат да се менуваат параметрите на возилото, но и многу други корисни уреди кои патувањето го прават уште поубаво и позабавно.

skoda-octavia-avtomobil-na-godinata-vo-makedonija-2

Сите овие карактеристики беа причина жирито едногласно да ја донесе својата одлука. Автомобилот може да се пофали со  19 проценти помала потрошувачка на гориво и емисија на издувни гасови, што  претставува  одлична заштеда, особено при долгите патувања.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg