Kia отсега со 7 години гаранција
Скопје 07.10.2013 - Ние во Кia, покрај тоа што продаваме автомобили што изгледаат убаво, сакаме и нашите клиенти да уживаат во нив долги години.
Кај нас се употребува најмодерниот инженерски и технолошки know-how при дизајнирањето и градењето на Kia автомобилите и ние сметаме дека вие ќе го цените тоа секогаш кога ќе седнете позади управувачот. Во суштина, ние сме толку многу горди на нашите автомобили, па затоа ја нудиме најдолгата гаранција – 7 годишната гаранција за возилата набавени од овластен Kia импортер во Република Македонија.
Што покрива гаранцијата?
Kia гарантира дека вашиот автомобил нема дефекти предизвикани од материјални и производствени фактори.
Овластен Kia импортер се обврзува да ги направи сите неопходни поправки на автомобилот со нови резервни делови, како и да реши било каков проблем кој е настанат, а кој е покриен со гаранција, бесплатно.
Гарантен период
Гаранцијата за нов автомобил е поделена во различни периоди. Таа започнува од денот на регистрација на автомобилот, освен за сервисни делови кои се вградени подоцна. Гаранцијата е пренослива на секој нов сопственик на возилото се додека не истече гарантниот период.
Новиот pro_cee’d пристигна во Македонија
Новиот pro_cee'd е софистициран автомобил, кој со себе ги носи сите подобрувања на својот сестрински модел, петвратниот cee'd, додека видлив е драматичниот напредок во спортскиот изглед кој го направи неговиот претходник толку популарен.
Новиот pro_cee'd им го нуди на купувачите истиот спектар на агрегати и менувачи како петвратниот cee'd и cee'd Sportswagon. Исто така, вкупната должина (4310 mm), ширината (1780 mm) и меѓуоскиното растојание (2650 мм) се исти со петвратниот cee’d, но новиот pro_cee'd покажува значителни стилски промени, кои се видливи преку трансформацијата во спортското тело со три врати.
"Овој автомобил е отелотворување на емоцијата и енергијата", објаснува Peter Schreyer, претседател и главен дизајнер. "Знаете од еден единствен поглед дека ова е автомобил кој сакате да го возите, а не само да го поседувате. "
Во зависност од моделот,надворешноста на pro_cee'd го привлекува вниманието благодарение на уникатната предна маска, LED дневните светла и LED задните светла. Опционалните карактеристики достапни во внатрешноста вклучуваат кожни седишта и управувач, сјајна пијано црна табла и централна конзола и метални педали.
Меѓу опциите за зголемување на безбедноста и удобноста, новиот pro_cee'd исто така, нуди надворешни ретровизори на преклопување со електрично греење и систем за мониторирање на притисокот на гумите.
"Од претставувањето во 2007 година, оригиналниот Kia pro_cee'd привлече повеќе од 55.000 клиенти низ Европа, што претставува 12% од вкупната продажба на моделот cee'd", коментира Benny Oeyen, потпретседателот за маркетинг и планирање на производи , Kia Motors Europe. "Со втората генерација pro_cee'd која што е дури повеќе сензационална од првата, ние очекуваме значително да се зголеми продажбата на Kia во популарниот Ц-сегмент."