Нaјекономичниот градски автомобил Mitsubishi Space Star, пристигна во Македонија

Само 4 литри на 100 км* е потрошувачката на гориво на новиот Space Star и е со исклучително ниска емисија на CO2, благодарејќи на компактниот и ефикасен мотор, што го прави да биденајекономичното возило и едно од најаеродинамичните автомобили во својата класа, со коефициент на отпор на воздухот од само Cd: 0.27.

najekonomichniot-gradski-avtomobil-mitsubishi-space-star-pristigna-vo-makedonija-1

Декларираната вредност за потрошувачка изнесува 4 литри на 100 км и тоа се однесува на возило со зафатнина на мотор од 1 литар и 71 кс.

„Убава вест е што кај нас пристигна новиот Mitsubishi Space Star, мошне привлечен за македонските купувачи, како од аспект на дизајнот така и од аспект на прифатливоста на цената, притоа имајќи предвид дека е речиси целосно опремено во својата стандардна верзија, почнувајќи од старт/стоп функцијата, преку системите за безбедност и 6-те воздушни перничиња, клима уред, електрика итн и пред се ниската потрошувачка на гориво“,изјави директорот за маркетинг на Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.

Space Star, новиот модел на Mitsubishi, се појавува како одговор на се понагласената потреба на луѓето за помало, но удобно градско возило, со исклучително ниска потрошувачка, ниска емисија на штетни материи, во исто време безбедно и но богато опремено возило.

За да се потврдат перформансите на Space Star, Мак Аутостар ги поканува сите автомобилски новинари на натпревар во најекономично возење.

Вкупната должина на возилото изнесува 3,71 метар, но зачудувачки е големината на внатрешниот простор на кабината, каде должината на корисниот простор за седење е 1651 мм, што го прави да биде еден од најудобните возила во својата класа. Импресивен е и фактот дека ова возило има капацитет на багажен простор од 235 литри.

За да се постигне најдобра економичност во својата класа, направени се неколку суштински потфати од страна на инженерите на Mitsubishi, како што се:

- намалување на коефициентот на отпор на воздухот

- аеродинамичен дизајн и додатоци кои ја подобруваат стабилноста

- намалување на тежината

- MIVEC (Mitsubishi Innovate Valve timing Electronic Control system) мотор

- Стандардна старт/стоп функција

Неговата конструкција со висока цврстина позната под името RISE (Reinforced Impact Safety Evolution), овозможува апсорпција на удари и постигнување исклучителна безбедност.

Разиграниот Space Star e комбинација на мазни аеродинамични линии, со остри рабови, кои ја создаваат новата рамнотежа и чувство за стабилност.Само што се појави на автомобилските пазари Mitsubishi Space Star веќе е рангиран меѓу првите во натпреварот за најдобар дизајн, организиран од страна на Auto Bild, освојувајќи го третото место,а е рангиран како најдобар јапонски автомобил во својата категорија.

  • Најекономичен во својата класа
  • Покана до автомобилските новинари – натпревар за најекономично возење со Space Star
  • Врвна аеродинамичност и просторност
  • Богата стандардна опрема и прифатлива цена

najekonomichniot-gradski-avtomobil-mitsubishi-space-star-pristigna-vo-makedonija-2

najekonomichniot-gradski-avtomobil-mitsubishi-space-star-pristigna-vo-makedonija-3

najekonomichniot-gradski-avtomobil-mitsubishi-space-star-pristigna-vo-makedonija-4

najekonomichniot-gradski-avtomobil-mitsubishi-space-star-pristigna-vo-makedonija-5

najekonomichniot-gradski-avtomobil-mitsubishi-space-star-pristigna-vo-makedonija-6

najekonomichniot-gradski-avtomobil-mitsubishi-space-star-pristigna-vo-makedonija-7

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg