Да ја запреме кражбата на мотори!

Во Скопје последните неколку години се случува нешто навистина страшно за љубителите на адреналинот и брзината. Изминатиов период има голем број пријавени кражби на мотори, за кои подоцна од сопствениците се бараат пари за откуп.

da-ja-zapreme-krazbata-na-motori-01

Многумина веруваат дека зад овие организирани кражби стои една иста група на луѓе кои упорно се обидуваат да се збогатат на овој начин. Само во изминатата година украдени се преку 140 мотори.

Тие најчесто исчезнуваат од дворови, паркинг места и гаражи, а марката и брзината воопшто не се важни. Важно е дека доколку не се согласите да платите одредена сума на пари, која се движи од 700 па до 6.000 евра, вашиот мотор можно е да заврши некаде надвор од државава растурен на делови.

Текот на случувањата откако моторот ќе биде украден се следниве – крадците пронаоѓаат ваша блиска личност преку која бараат пари за откуп, а доколку тој одбие да соработува заканите за неговите најблиски се неизбежни. И секако, бидејќи никој не сака да се поигрува со животот, започнува да собира пари до рокот кој му е даден.

МВР има информации за неколку од овие кражби и за точниот тек на заканите. Но, сепак ништо не се презема. Тие не се нафаќаат да започнат истрага сè додека немаат попрецизни информации за крадците.

Ако сакате да им помогнете на оние кои го имале или стравуваат од овој проблем, дадете го својот потпис во петицијата иницирана од порталот motori.com.mk.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg