Кога меракот за новото кабрио е голем

Volkswagen секогаш изненадува со одлични идеи кои ги применува во промотивните реклами за нивните возила. Ова е уште еден доказ за нивната огромна креативност.

koga-merakot-za-novoto-kabrio-e-golem

Легендарната Трололо песна конечно се најде во реклама, а ние не можеме да бидеме посреќни. Авторот на песната Едуард Кхил сакаше да пее народна музика за големата слобода, но властите не се согласија со текстот и тој одлучи да ја пее само мелодијата – и така Трололо песната се роди!

Баш таква песна одговара за автомобил кој ви дозволува да уживате во слободата под отворено небо – Volkswagen Beetle Convertible. Овој кабриолет располага со најновата Германска технологија, но исто така го има стилот и забавното управување како оригиналот! Да не ви ја уништиме забавата и да ви откриеме за што точно се работи во видеото, погледнете самите!

извор: carclub.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg