Алфа Ромео 4C пристигнува следната година

Откако во форма на прототип дебитираше на женевскиот салон во март, минатата година, после неколку најави и одложувања, возбудливиот спортски автомобил наскоро ќе стане реалност.

alfa-romeo-4c-pristignuva-slednata-godina

Ова го потврди и Alfa Romeo која изјави дека автомобилот би требало да се појави следната година на женевскиот меѓународен салон (7-17 март), а некои извори велат дека финалната верзија на 4C ќе му биде доста верна на прототипот.

Alfa Romeo 4C ќе ја покренува 1,7 литарски бензински турбо мотор со сила од 300 КС, а доста интересно е тоа што Alfa очекува маса под 1000 килограми – тоа значи голема полетност и поголема економичност.

За преносот на силата на задните тркала ќе се погрижи 6-степениот, рачен или автоматски, менувач со двојна спојка.

alfa-romeo-4c-pristignuva-slednata-godina-1

alfa-romeo-4c-pristignuva-slednata-godina-2

alfa-romeo-4c-pristignuva-slednata-godina-3

alfa-romeo-4c-pristignuva-slednata-godina-4

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg