Салон за автомобили во Њујорк

salon-za-avtomobili-new-york-povekjeНаспроти економската криза со која се соочува светот, во Њујорк е отворен Салон за автомобили во кој производителите ќе ги претстават своите модели...

 

 

...со кои се надеваат дека ќе опстанат на пазарот.

salon-za-avtomobili-new-york1

Крајслер го претстави својот нов модел на теренец, но целото внимение го привлече далеку помалиот и поефтин модел, Фиат 500.

Произведувачот ќе мора да се потруди за да ги увери Американците дека малиот италијански автомобил е вистински одговор на големата економска криза.

Доколку сака финансиска помош од државата, и Генерал Моторс ќе мора да го почитува рокот од 60 дена за излегување од кризата, во спротивно ќе мора да прогласи банкрот.

Во тој дух е и нивната економична промоција и едноставен штанд на новиот модел на овој производител. Шаренилото изостанува и на штандовите на производителите на Мерцедес и БМВ.

Салонот е отворен неколку дена откако претставници на американската авто индустрија објавија дека продажбата во февруари паднала за 37%.

salon-za-avtomobili-new-york2

salon-za-avtomobili-new-york3

salon-za-avtomobili-new-york4

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg