Артикли
Салон за автомобили во Њујорк
Наспроти економската криза со која се соочува светот, во Њујорк е отворен Салон за автомобили во кој производителите ќе ги претстават своите модели...
...со кои се надеваат дека ќе опстанат на пазарот.
Крајслер го претстави својот нов модел на теренец, но целото внимение го привлече далеку помалиот и поефтин модел, Фиат 500.
Произведувачот ќе мора да се потруди за да ги увери Американците дека малиот италијански автомобил е вистински одговор на големата економска криза.
Доколку сака финансиска помош од државата, и Генерал Моторс ќе мора да го почитува рокот од 60 дена за излегување од кризата, во спротивно ќе мора да прогласи банкрот.
Во тој дух е и нивната економична промоција и едноставен штанд на новиот модел на овој производител. Шаренилото изостанува и на штандовите на производителите на Мерцедес и БМВ.
Салонот е отворен неколку дена откако претставници на американската авто индустрија објавија дека продажбата во февруари паднала за 37%.