GT-21 Invictus – до стотка за 3 секунди!

gt-21-invictus-do-stotka-za-3-sekundi

GT-21 Invictus e шпански производ, дело на производителот Aspid, кој може да се пофали со бетмоболски модерен дизајн и мотор од BMW кој придонесува за максимална брзина од 300 km/h.

Уште кога ќе го погледнете агресивниот дизајн на GT-21 Invictus нема да останете рамнодушни. Шасијата е изработена од ултралесен челик и алуминиум, додека за каросеријата се употребени композитни материјали. Сè ова придонесува за автомобилот да тежи нешто помалку од еден тон (900 килограми). Но, и покрај ова, автомобилот е планиран да смести 4 патници.

Сега, поинтересниот дел. GT-21 Invictus го придвижува 4,4-литарски BMW мотор со турбо полнење кој е заслужен за 450 КС во комбинација со седум-степен автоматски менувач со две спојки или шест-степен рачен менувач.

Шпанците велат дека овој автомобил до стотка оди за помалку од 3 секунди и не застанува додека не дојде до максимална брзина од 300 km/h.

gt-21-invictus-do-stotka-za-3-sekundi-1

gt-21-invictus-do-stotka-za-3-sekundi-2

gt-21-invictus-do-stotka-za-3-sekundi-3

gt-21-invictus-do-stotka-za-3-sekundi-4

gt-21-invictus-do-stotka-za-3-sekundi-5

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg