Renovatio T500 - словенечкиот „куршум“

renovatio-t500-sloveneckiot-qkurshumq

Словенечкиот производител на автомобили „Тушек“ , само што го лансираше својот прв суперавтомобил, Renovatio T500 кој доаѓа со V8 мотор од Audi од 450 КС.

Каросеријата е направена од јаглеродни влакна, додека споменатиот мотор од Audi е комбиниран со шест-степен рачен менувач од AudiS5, а тука се и керамичките кочници од Porsche без ABS.

Ова резултира со автомобил тежок само 1100 килограми и цена од над 300,000 евра – премногу за непознат автомобил (дури и LamborghiniAventadorчини 255,000 евра).

Дали Словенците ќе ја оправдаат цената со фантастични перформанси и особини? Погледнете го видеото и пресудете сами.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg