BMW Серија 6 Gran Coupe

bmw-serija-6-gran-coupe-1

Германската тјунерска компанија, AC Schnitzer, го претстави нивниот нов тјунинг пакет за BMW Серија 6 Gran Coupe.

Комплетниот пакет содржи повеќе надоградби, вклучувајќи зголемување на перформансите од 313 на 360 кс за BMW 640d и од 320 на 360 кс за моделот 640i.

AC Schnitzer нуди и спортски издувен систем со хромирани издувни цевки, кој го прави засилениот мотор да звучи пожестоко.

За застанување се грижи систем за сопирање со високи перформанси, а додадена е и спортска суспензија со пократки пружини.

 bmw-serija-6-gran-coupe-2

Пакетот содржи и неколку компоненти за разубавување на екстериерот. Тука спаѓаат нов преден спојлер, хромирана предна решетка и заден дифузер. Во внатрешноста е додаден нов спортски AC Schnitzer Eво волан со воздушно перниче, алуминиумски педали и нови патосници.

За тркалата има избор од повеќе типови на лесни алуминиумски бандажи во големина од 19, 20 или 21 инчи. 21-инчните се обвиени во гуми со профил 255/30 R21 напред и 295/25 R21 позади.

bmw-serija-6-gran-coupe-3

bmw-serija-6-gran-coupe-4

bmw-serija-6-gran-coupe-5

bmw-serija-6-gran-coupe-6

bmw-serija-6-gran-coupe-7

bmw-serija-6-gran-coupe-8

извор: carclub.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg