Први слики од освежениот Audi Q5
Ова се првите официјални фотографии од фејслифтираниот Audi Q5, кој ќе започне со продажба кон крајот на годинава. Промените се минимални во...
...споредба со оригиналниот модел кој е на пазарот од 2008.
Визуелните освежувања содржат благо редизајниран браник, нова решетка и рестилизирани предни светла, додека пак задниот дел изгледа скоро идентично. Во внатрешноста можат да се забележат поквалитетни материјали и нов дизајн на воланот.
Од тоа што го знаеме, Q5 ќе добие промени на суспензијата и обновена поштедлива палета на мотори, која ќе го вклучува 3.0-литарскиот TFSI со компресор во повеќе верзии.
За повеќе информации чекаме официјална објава од Audi.
извор: carclub.mk