Светска премиера на ŠKODA Citigo со 5 врати

svetska-premiera-na-skoda-citigo-povekjeŠKODA ќе го претстави пред јавноста новиот субкомпактен автомобил Citigo со пет врати на саемот за автомобили во Женева 2012. Претставниците на...


...медиумите ќе ја имаат можноста први да го погледнат и да го тестираат новиот модел на ŠKODA во февруари 2012 година.

Верзијата со пет врати постепено ќе биде лансирана на европските пазари заедно со верзијата со три врати од средината на мај 2012 година.

Со Citigo Škoda влегува во брзо растечкиот субкомпактен сегмент. Новиот модел на крајот од 2011 година беше успешно претставен на домашниот пазар во Чешка. Од оваа година, Škoda со Citigo ќе освојува потполно нова група на клиенти, што придонесува за остварување на стратегијата за раст на брендот. ŠKODA до 2018 година има за цел да ги зголеми испораките низ светот за минимум 1,5 милиони возила на годишно ниво. Во 2011 година, продавајќи 879.200 автомобили компанијата постигна уште еден продажен рекорд во својата 117 годишна корпоративна историја.

svetska-premiera-na-skoda-citigo

Citigo се вбројува меѓу најкомпактните и истовремено најпросторните претставници во овој сегмент. Автомобилот е во склад со слоганот на Škoda "Simply Clever" (едноставно умен). CitiGo импресионира со голем број на генијални карактеристики како што се: држач за фотографии и документи, закачалка за торби, голем број на мрежни држачи и многу опции за складирање.

Дизајнерите на Citigo посветија особено внимание на безбедноста што резултираше со врвни оценки, пет ѕвезди на Euro NCAP тестот. Уште еден новитет: новиот градски автомобил на ŠKODA прв ќе го понесе новото лого кое ќе се поставува на автомобилите.

Citigo има 1.0 три - цилиндричен бензински мотор во две варијанти 44 kW/60 КС и 55 kW/75 КС.  Најеколошката варијанта на новиот Citigo има просечна потрошувачка од 4,1 l на 100 km, а емисија на CO2 изнесува само 96 g CO2/km. На домашниот пазар најмалиот член на семејство Škoda беше прогласен за најдобар градски автомобил според најголемата анкета во Чешка за „Автомобил на Годината 2012“

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg