Стојана Поповска живее во Сингапур: „Забрането е да се џвакаат мастики, си купувам бурек од пекарница на Македонец“

„Во Сингапур климата постојано е иста, најстудено е 25°C, па ми се буди носталгија за 4-те годишни времиња. Тука ме дочека топлотен бран со влага, но и преубаво зеленило. Учениците се изложени на огромен притисок во однос на академскиот дел - постојано тестирање, екстра часови...“, вели Стојана Поповска од Скопје за CRNOBELO.com и ни го доловува животот во Азија.

stojana-popovska-zhivee-vo-singapur-zabraneto-e-da-se-djvaka-mastiki-si-kupuvam-burek-od-pekarnica-na-makedonec-01.jpg

Стојана Поповска од Скопје e професор по германски јазик, а во последните 19 години работи како наставник библиотекар во интернационално училиште.

Работата во едно интернационално училиште во Скопје како професорка по германски јазик и библиотекарка ѝ било инспирација и отскочна даска за нејзиното заминување во Азија.

Во 2014 со семејството се преселила во Пекинг, Кина каде со сопругот добиле работа во интернационално училиште.

Интернационалната кариера како наставник ѝ овозможила бројни искуства како патувања, запознавање нови пријатели и култури, но ѝ отворила и врати кон бројни интернационални училишта околу светот.

Така за неа по Пекинг, следната станица била Сингапур.

Во Сингапур Стојана со семејството живее веќе 5 години и вели дека навистина им се допаѓа.

Во интервју за CRNOBELO.com Стојана открива како изгледа животот таму:

Што те одведе во Сингапур? Тешко ли ја донесе одлуката да се преселиш таму?

Заминувањето од Македонија беше планирано. Идејата за градење интернационална кариера како наставник беше возбудлива, но секако заминувањето беше тешко.

Сепак си ја напуштивме домата, нешто што ни беше познато, пријателите, семејството, комфорната зона.

Со самото слетување во Пекинг и во наредните месеци доживеавме вистински културолошки шок. Животот таму беше вистинско растење во секоја смисла на зборот.

Но, за Пекинг можеби во некоја друга прилика и иако некогаш беше предизвик никогаш не би го промениле искуството.

Новата работна позиција и потребата за промена беше причината да заминеме од Пекинг за Сингапур и овој пат одлуката беше лесна.

stojana-popovska-zhivee-vo-singapur-zabraneto-e-da-se-djvaka-mastiki-si-kupuvam-burek-od-pekarnica-na-makedonec-22.jpg

Каков ти беше првиот впечаток? Недостига ли простор или ли огромни облакодери?

Првиот впечаток ми беше - љубезност уште на пасошка контрола, средена и чиста околина, тотална дигитализација.

Сингапур е остров – држава, но немате чувство дека нема простор.

stojana-popovska-zhivee-vo-singapur-zabraneto-e-da-se-djvaka-mastiki-si-kupuvam-burek-od-pekarnica-na-makedonec-34.jpg

Урбаниот план е прецизен, стратешки и се гради строго во неговите рамки. Има бројни висококатници, ако не се лажам повисоките се со над 50 ката.

Поврзаноста под земја помеѓу различни објекти како деловни згради, шопинг центри, па и станбени згради е фасцинантна. Движењето низ градот е многу лесно.

stojana-popovska-zhivee-vo-singapur-zabraneto-e-da-se-djvaka-mastiki-si-kupuvam-burek-od-pekarnica-na-makedonec-32.jpg

Каква е климата, какви се температурите во зима/лето?

Климата, поточно влажноста е една од ретките мали работи кои ми пречат, но секојдневно сме во летна облека и сандали и тука ќе сопрам да се жалам.

stojana-popovska-zhivee-vo-singapur-zabraneto-e-da-se-djvaka-mastiki-si-kupuvam-burek-od-pekarnica-na-makedonec-10.jpg

Сингапур е тропско место. Поради влагата и редовните дождови островот е преплавен со зеленило, има градини и на висококатниците меѓу катовите. Некои го нарекуваат град – парк. Нема сезони и е многу интересно како се губи чувство за тоа како поминуваат месеците во годината.

Постојано е исто, па некогаш се буди носталгија кон 4-те сезони, особено пролет и есен.

Има еден „постуден“ период во годината. Тоа е сезоната на дождови која трае од средина на ноември до средина на февруари кога е „грч“ и има 25 Целзиусови степени (хаха).

stojana-popovska-zhivee-vo-singapur-zabraneto-e-da-se-djvaka-mastiki-si-kupuvam-burek-od-pekarnica-na-makedonec-15.jpg

Дали навистина толку совршено функционираат како што имаме претстава?

ДА! Образование, здравство, банкарство, транспорт… Сè функционира беспрекорно.

stojana-popovska-zhivee-vo-singapur-zabraneto-e-da-se-djvaka-mastiki-si-kupuvam-burek-od-pekarnica-na-makedonec-21.jpg

Што те дочека при слетувањето таму? Какво е соседството во кое живееш?

Ме дочека топлотен бран со влага, но и преубаво зеленило, чисти улици и соседства, средина во која сите зборуваат англиски, дигитално општество.

Во првите неколку години живеевме во источниот дел на островот во област позната како East Coast Park. Домот ни беше на само 10-тина минути пеш од плажата.

stojana-popovska-zhivee-vo-singapur-zabraneto-e-da-se-djvaka-mastiki-si-kupuvam-burek-od-pekarnica-na-makedonec-27.jpg

Да се разбереме, водата не е баш за капење, но сепак можете да одите по песокот секој ден, да ги слушате брановите и скоро секој ден да го уживате сонцето покрај плажа. Често ја уживавме велосипедската патека, паркот и шеталиштето.

Во последните неколку години живееме централно во соседство кое се смета за национално наследство. Зградите се само на четири ката, без лифт, а ние се разбира моравме да го одбереме станот на четвртиот кат. 

stojana-popovska-zhivee-vo-singapur-zabraneto-e-da-se-djvaka-mastiki-si-kupuvam-burek-od-pekarnica-na-makedonec-02.jpg

Те посетуваат ли пријателите?

Досега во посета не сме имале блиски луѓе. Една од причините беше Ковид состојбата на глобално ниво. Тука беше затворено и со доста рестрикции подолго време.

Друга причина е можеби далечината и финансиите.

stojana-popovska-zhivee-vo-singapur-zabraneto-e-da-se-djvaka-mastiki-si-kupuvam-burek-od-pekarnica-na-makedonec-12.jpg

Какви се локалците на поле кариера? Колку се дисциплинирани?

Сè зависи од тоа за која генерација станува збор. Постарите генерации на возраст помеѓу 40-60 години, се оние кои се дисциплинирани и посветени на работата и кариерата.

stojana-popovska-zhivee-vo-singapur-zabraneto-e-da-se-djvaka-mastiki-si-kupuvam-burek-od-pekarnica-na-makedonec-41.jpg

Помладите сакаат кариера, но се некако многу нежни и не се истрајни во тоа што сакаат да го постигнат. Барем тоа е мојот впечаток и она што било споделено во дискусија со познаници Сингапурци.

Мислам дека станува збор за ставот, навиките и очекувањата на генерација Z, што не е случај само со младите во Сингапур.

stojana-popovska-zhivee-vo-singapur-zabraneto-e-da-se-djvaka-mastiki-si-kupuvam-burek-od-pekarnica-na-makedonec-11.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ивана К. Чурлевска живее во Финска: „Кога Финец ве договара за кафе, очекува да му кажете точно врем... „Кога првпат на гости ни дојдоа Финци, јас секако дека имав подготвено вечера, а...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Голманот Костадин Захов за родната Струмица: „Со семејството најмногу сакам да одам на околните водо... „Вредна да се посети црквата Св. Илија која се наоѓа на неколку километри од Стр...
Никола од Скопје живее во Русија: „Би сакал да се вратам во Македонија, но да имам достоен живот как... „Тука гасот е речиси бесплатен, а струјата е многу поевтина. Јас живеам во стан ...
Мила ја живее својата есенска бајка во Орешани - со чајчиња со цимет, верверички и зимница (фото) „Според мене сите годишни времиња е поубаво да ги доживееш на село отколку во гр...
Бобан Пешов речиси 30 години живее во Италија: „Тука сум пораснат, во Македонија повеќе се чувствува... Бобан Пешов (36), по потекло од село Трсино, Виница, се преселил во Италија со с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg