Ана Андреевска: „Ми рекоа дека никогаш нема да имам деца – добив близначки со ин витро и трето дете по природен пат“

„Четири неуспешни инсеменации, сите можни испитувања, хормонски терапии, премногу инјекции, солзи и солзи пролеани, по најмалку трипати дневно примав инјекции хормонска терапија... Беше премногу боцкање, талкање по лаборатории, трчање и плачење по болничките ходници, секое исчекување после 14 дена беше премногу болно“, споделува Ана Андреевска (35) од Скопје за CRNOBELO.com, која денес е среќна мајка на 3 девојчиња.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-01.jpg

Ана Андреевска (35) од Скопје, дипломиран економист и вработена во туристичка агенција како соработник за туристичко работење е мајка на три девојчиња (Јана и Ива близначки, на возраст од 5 години, добиени по пат на ин витро постапка и малечката Дора (2) добиена по природен пат и е во среќен брак со сипругот Орце веќе 10 години.

Во интервју за CRNOBELO.com Ана споделува детали за нејзиниот пат до потомство:

Колку време со сопругот се обидувавте да имате деца, пред да помислите дека постои некаков проблем и е време за испитувања?

Повеќе од 5 години се обидувавме да основаме семејство, а по неуспешните обиди од околу две години решивме да започнеме со испитувања, меѓутоа немаше кој да нè посоветува, кој да нè упати и во сè бевме сами, оставени на докторите.

Од еден на друг доктор, дијагнозите во тој момент за нас беа страшни.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-10.jpg

Какви испитувања направивте и кој беше заклучокот на докторите?

Прво, почнавме со испитување на хормони, следење циклус, секој месец спермограм и спермокултура, витамини и терапии.

Јас имам дијабет тип 1 и хипотиреоза, ми беше установено и непроодност на канали на едната страна и на првата посета на доктор во една скопска клиника ми беше кажано дека со тие резултати во моментот високо тсх и дијабет тип 1 јас нема да можам да имам деца никогаш.

Ми беа фрлени резултатите.

Во моментот не можев да ја погодам вратата за да ја напуштам установата.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-05.jpg

Откако ти ја поставија дијагнозата, што беше нареден чекор…

По воспоставената дијагноза започнавме да бараме доктори, да посетуваме клиники во државата и странство, но никој не отстапи од моментот дека јас по природен пат не можам да остварам бременост.

Оттука и одлучивме дека ќе пробаме со асистирано оплодување.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-09.jpg

По колку години неуспешни обиди се одлучивте на асистирано оплодување?

По две години неуспешни обиди, почнавме со утврдување на неплодност, тоа исто така траеше околу 2-3 години шетање по доктори, клиники, разни лекарства.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-17.jpg

Долови ни како изгледа оваа постапка? Колку е емотивен процесот?

Борбата е навистина премногу тешка, секој ден во исчекување …

Оттука почнува да настанува и психичко оптоварување. Емоциите сите ги доживуваме различно, така да не можам да го опишам процесот со емоции.

Јас лично никогаш не помислив да се откажам. Ме водеше помислата и преголемата желба дека еден ден ќе ми се исполни сонот дека во мојата утроба ќе започне да се развива и да расте мое, односно наше чедо.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-12.jpg

Колку инјекции, солзи, болка, неуспеси, имаше во целиот процес?

Четири неуспешни инсеменации, сите можни испитувања, хормонски терапии, премногу инјекции, солзи и солзи пролеани, бидејќи само со инсулин се боцкам четири пати дневно и плус по најмалку три пати дневно примав инјекции хормонска терапија беше премногу боцкање, талкање по лаборатории, трчање и плачење по болничките ходници, секое исчекување после 14 дена беше премногу болно.

Се затвораш во себе, да си сам во некоја просторија да се испразниш и почнуваш повторно се од почеток. Не смееме да се откажуваме.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-13.jpg

Како изгледа периодот по трансферот на ембриони? Мируваше ли, броеше ли денови, велат дека ова е најтешкиот дел, дали е навистина така?

Тоа е вртелешка од емоции и чувства. Конкретно, јас првите 5 дена по трансферот строго мирував, меѓутоа така ми беше препорачано од докторот кој ми правеше ин витро.

До 11 ден додека не испитавме бета јас се движев низ дома не премногу, буквално вршев само лични работи.

Со самото тоа што бев во кревет цело време еден ден ми поминуваше како една година. Тежок е периодот кога чекате, а не знаете што ќе дочекате.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-14.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Скопјанката Марија чува бенгалска мачка: „Се продаваат и по 1.400 евра, но јас ја вдомив бесплатно“ „Бенгалите се хибрид од домашни и азиско леопардски мачки. Изгледаат како вообич...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg