Снежана Матовска: „На мојот син Цако (32) на 3 месеци му дијагностицираа Даунов синдром, но заврши факултет, вработен е, а имал и љубовни врски“

Колку околината има разбирање за лицата со Даунов синдром? Дали состојбата е напредната во последно време?

Од моето лично искуство и моето опкружување, сметам дека околината, барем за дел од прашањата врзани со лицата со Даунов синдром, има разбирање и дека состојбата се подобрува со секој нов ден.

Дека има и табу теми, има, за што впрочем споменав и во мојот одговор на претходното прашање. Добро е што на ова поле своја целосна заложба дава невладината ХЕРА, како и тоа дека ова прашање претставува дел од агендата и програмските активности и на УНФПА, Фонд за население на Обединетите нации.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-30.jpg

Секако, има уште многу нерешени прашања и проблеми кои треба да се надминат и во сферата на образованието, здравствените услуги, вработувањето итн., но факт е дека работите се поместуваат од мртва точка.

Има уште многу да се сработи, треба да се најдат механизми за спроведување на постојните законски решенија, да се донесат нови и истите и да се применат.

Тоа е борба на сите нас. И на родителите на деца со попреченост и на оние со типичен развој, и на здруженијата на граѓани и на останати активисти.

Но, пред сè и на државата и нејзините чинители, кои покрај слухот што го покажуваат, треба да имаат доблест и истото да го преточат во законско решение, да обезбедат негова примена и со тоа да направат подобар свет за живеење и работење и за лицата не само со Даунов синдром, туку и сите останати попречености.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-06.jpg

Повеќе фотографии од секојдневието на Цако:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сања е самохрана мајка со своја фарма во с. Четирце: „Мотив за бизнисот ми беше мајка ми да не се см... „Порано бев осудувана што сум самохрана мајка. Осудите беа од типот дека тоа сум...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“ „Со Јасен сме како другари. Ако не оди во градинка, цел ден сме заедно, башка и ...
Успешни мајка и ќерка: Катарина има врвни тениски успеси, а мајка ѝ Слаѓана е жена претприемач „Мојата мајка е столбот кој стои зад секој мој успех. Таа секогаш се грижеше да ...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg