Снежана Матовска: „На мојот син Цако (32) на 3 месеци му дијагностицираа Даунов синдром, но заврши факултет, вработен е, а имал и љубовни врски“
Колку околината има разбирање за лицата со Даунов синдром? Дали состојбата е напредната во последно време?
Од моето лично искуство и моето опкружување, сметам дека околината, барем за дел од прашањата врзани со лицата со Даунов синдром, има разбирање и дека состојбата се подобрува со секој нов ден.
Дека има и табу теми, има, за што впрочем споменав и во мојот одговор на претходното прашање. Добро е што на ова поле своја целосна заложба дава невладината ХЕРА, како и тоа дека ова прашање претставува дел од агендата и програмските активности и на УНФПА, Фонд за население на Обединетите нации.
Секако, има уште многу нерешени прашања и проблеми кои треба да се надминат и во сферата на образованието, здравствените услуги, вработувањето итн., но факт е дека работите се поместуваат од мртва точка.
Има уште многу да се сработи, треба да се најдат механизми за спроведување на постојните законски решенија, да се донесат нови и истите и да се применат.
Тоа е борба на сите нас. И на родителите на деца со попреченост и на оние со типичен развој, и на здруженијата на граѓани и на останати активисти.
Но, пред сè и на државата и нејзините чинители, кои покрај слухот што го покажуваат, треба да имаат доблест и истото да го преточат во законско решение, да обезбедат негова примена и со тоа да направат подобар свет за живеење и работење и за лицата не само со Даунов синдром, туку и сите останати попречености.
Повеќе фотографии од секојдневието на Цако:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело