Лола Милковска студира луксузен менаџмент во Франција: „Запознав директори на Chanel и Dior, професорите не бараат да ги персираме“

Имаше можност да присуствуваш и на неколку саеми за работа, што е она што ти остави најголем впечаток?

Имав можност да присуствувам на неколку саеми каде што запознав многу луѓе. Нa сите од нив беа директори на познатите марки како Chanel, Dior… Имаше многу квалитетни луѓе коишто се директори на традиционални фирми коишто произведуваат квалитетни луксузни работи, но преферираат да не се експонираат толку многу со маркетингот на социјалните мрежи, па затоа и не се толку познати во светот.

Многу добри совети добив од нив, беа расположени да одговорат на секое прашање поставено од публиката, но исто така и да го раскажат патот кој го поминале за да стигнат до таа позиција.

Најголем впечаток од сите што ги запознав е директорот на Audemars Piguet, швајцарска фирма за производство на едни од најпознатите часовници, François Henry Bennahmias.

Исто така, мора да напоменам дека од регрутерите најдобар впечаток ми остави главната регрутерка во компанијата Ferragamo.

Имам одено на повеќе интервјуа во Македонија и можам да кажам дека е сосема различно во Франција и ми се допаѓа пристапот на изборот на човечки ресурси.

lola milkovska dizon e romanticen grad a celata oblast e poznata po toa sto se proizveeduvaat edni od najdobrite vina vo svetot 7

Дижон не е Париз, но сепак постојат многу можности за уживање и забава. Какви можности и активности им претстојат на младите во овој град?

За мене Дижон е романтичен град.

Како и во сите градови имаат убави места за излегување, дискотеки (но, не се мој тип), места за дегустација на вина, убави ресторани и кафулиња, паркови.

Во кој било дел од денот, улиците во Дижон се преполни со народ.

lola milkovska dizon e romanticen grad a celata oblast e poznata po toa sto se proizveeduvaat edni od najdobrite vina vo svetot 2

Што е она што Дижон го прави посебен?

Како што веќе напоменав, Дижон е романтичен град, не може да се спореди со Париз во големина, но сепак си има свои вредности.

Фактот што оттука потекнува најубавиот сенф го прави Дижон посебен, исто така пак ќе напоменам, фактот што се наоѓа во Бургундија, го прави да се издвојува од другите градови во Франција.

Мене посебно ми се допаѓа тоа што имам најдено повеќе од 7 пекарници коишто секој ден ме изненадуваат со прекрасните работи што ги изработуваат и ми претставува задоволство, на некој начин хоби, секој ден да испробувам слатки нешта, па и тоа е причината што Дижон го прави посебен, за мене.

lola milkovska dizon e romanticen grad a celata oblast e poznata po toa sto se proizveeduvaat edni od najdobrite vina vo svetot 3

Присвои ли некоја навика за себе од францускиот начин на живот?

Присвоив и тоа како, да уживам што повеќе во животот.

lola milkovska dizon e romanticen grad a celata oblast e poznata po toa sto se proizveeduvaat edni od najdobrite vina vo svetot 13

За овие неколку месеци каде успеа да прошеташ?

Имам посетено 4 земји, Италија, Белгија, Луксембург и Швајцарија.

На некои места одев првпат, но исто така имаше и места каде што веќе имам одено, но во секој случај си поминувам прекрасно на секое патување, бидејќи тоа ми причинува најголемо задоволство.

lola milkovska dizon e romanticen grad a celata oblast e poznata po toa sto se proizveeduvaat edni od najdobrite vina vo svetot 14

lola milkovska dizon e romanticen grad a celata oblast e poznata po toa sto se proizveeduvaat edni od najdobrite vina vo svetot 5

lola milkovska dizon e romanticen grad a celata oblast e poznata po toa sto se proizveeduvaat edni od najdobrite vina vo svetot 6

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg