Давид Темелков: „Ја оперирав ногата и не знаев дали ќе функционира, X-фактор ми ги отвори вратите во вистинска насока“
Колку беше тежок процесот на закрепнување? Колку траеше и што вклучуваше?
Процесот на закрепнување беше долг и болен, бидејќи нервите најспоро зацелуваат.
Трае сè уште, но гледам подобрувања од ден во ден и сум благодарен на тоа. Во животот сè е минливо, освен вистинските нешта. Фокусирајте се на тоа, другото сè поминува.
Кое е твоето животно мото?
Верувај во добро, само верувај...
Имаш/е ли идол од македонската музичка сцена... Кој и зошто? А од регионот?
Имам неколку омилени пејачи и од домашната, но и од балканската сцена.
Македонија е извор на квалитетна музика и неприкосновени вокали Тоше, Наум, Калиопи, Есма, Каролина.. Да не заборавиме дека и некои од најпознатите балкански бендови успеале поради македонските вокали, како Аки Рахимовски – Парни Ваљак, Љиљана Николовска – Магазин...
Тешко ли е да се живее од музика? Се заработува ли доволно?
Музиката како што реков и претходно е непредвидлива во многу работи.. Племенита и благородна професија, но понекогаш знае да биде и груба..
Како што споменав, во животот поминува сè. Парите се печалат и се трошат, но спомените и песните траат вечно. Тоа нека е мојата награда - песни што ќе живеат вечно.
Која е магијата на настапите во живо?
Концертите во живо се една посебна магија. Магија каде што стотици или илјадници души дишат како еден, пеат како еден. Собир на емоции кој не се опишува со зборови.
Да не беше музичар, ќе беше...
Војник.
Исполнет ли си на поле љубов?
Исполнет сум. Покрај себе имам личност полна со разбирање и поддршка, со чиста душа и искрени намери. Немам што да кријам, таа е дел од мене и мојот живот, доколку сум искрен со публиката, искрен сум до крај.
Би посакал секому да си ја најде својата сродна душа, бидејќи љубовта оплеменува.
Што ти се допаѓа најмногу, а што најмалку кога станува збор за македонската музичка естрада?
Не знам што би одговорил на ова прашање. Навистина би посакал само големи песни и хитови, на сите мои колеги, отпеани од срце, бидејќи Македонија го заслужува само најдоброто од нас.
Што си посакуваш на поле кариера за 10 години отсега?
Да сум здрав и жив, фамилијата на број, и достојно да ги извршувам сите задачи кои ми се доделени на секое поле.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело