Давид Темелков: „Ја оперирав ногата и не знаев дали ќе функционира, X-фактор ми ги отвори вратите во вистинска насока“

„Веќе 7 години живеам во Хрватска. Мора да признаам дека ми е мило што сум убаво прифатен, но со задоволство се враќам во Скопје. Горд сум затоа што Македонија е извор на квалитетна музика и неприкосновени вокали Тоше, Наум, Калиопи, Есма, Каролина..“, вели Давид Темелков (30) од Скопје, кој отворено говори за здравствената битка за CRNOBELO.com.

david-temelkov-ja-operirav-nogata-i-ne-znaev-dali-kje-funkcionira-x-faktor-mi-gi-otvori-vratite-vo-vistinska-nasoka-01.jpg

Давид Темелков (30) од Скопје е наш пејач кој веќе години наназад гради успешна музичка кариера во Хрватска.

Тој се прослави со учеството во шоуто X-фактор Адриа, а неговиот моќен вокал е вистински мевлем за душа.

За CRNOBELO.com говори за неговата кариера, но и за случувањата во неговиот приватен живот:

Колку X-фактор Адриа беше пресвртна точка во твојот живот? 

Шоуто Х-фактор навистина е една пресвртна точка во мојот живот, едно искуство кое ми го насочи животот во вистинската насока.

Цел живот се занимавам со музика и музиката е неизоставен дел од моето секојдневие, најголема инспирација, муза.

david-temelkov-ja-operirav-nogata-i-ne-znaev-dali-kje-funkcionira-x-faktor-mi-gi-otvori-vratite-vo-vistinska-nasoka-03.jpg

Никогаш немав намера да се пријавам на какво било талент шоу, но овојпат без најава ме пријави мојата мајка, и само поради љубов и почит кон неа, се појавив на Х-фактор, кој на крај ми го промени животот.

Верувам дека секој од нас има своја судбина и сè што рекол Господ ќе се оствари, на еден или друг начин.

david-temelkov-ja-operirav-nogata-i-ne-znaev-dali-kje-funkcionira-x-faktor-mi-gi-otvori-vratite-vo-vistinska-nasoka-12.jpg

Кои се твоите најголеми успеси досега во Македонија и регионот... На што си најгорд?

Не би сакал да преувеличувам никакви мои досегашни успеси, фала Му на Господа, ги има доста, но верувам дека најголемите успеси допрва ќе следат.

Најважно од сè ми е да ја претставам Македонија и македонскиот народ во најдобро светло, каде и да одам.

david-temelkov-ja-operirav-nogata-i-ne-znaev-dali-kje-funkcionira-x-faktor-mi-gi-otvori-vratite-vo-vistinska-nasoka-04.jpg

Како те прифатија во Хрватска? Колку време живееш таму и каква е оваа држава за живот?

Морам да признаам дека ми е мило што сум убаво прифатен во Хрватска,  од публиката, но и од луѓето кои ме опкружуваат.

Во Загреб престојувам веќе седма година и создадов еден свој круг на луѓе, прекрасни луѓе кои ме опкружуваат и не смеам да се пожалам.

Да признаам, ми фали Скопје и моето скопско секојдневие, да бидам со семејството,  да јадам чорба за појадок, да прошетам по скопските улици, затоа и секој слободен ден го користам да си се вратам дома, во мојата Македонија.

david-temelkov-ja-operirav-nogata-i-ne-znaev-dali-kje-funkcionira-x-faktor-mi-gi-otvori-vratite-vo-vistinska-nasoka-10.jpg

Како изгледа еден твој работен ден?

Музиката е професија која носи непревидливост секој ден. Различни локации, различни луѓе и бини, различни организатори. Никогаш не ти е здодевно.

Можам да кажам дека денот го започнувам со кафе и протеински појадок, тренинг, а остатокот на денот и го препуштам на музиката да ме води.

Како собра храброст да говориш јавно за операцијата? Колку е тешко да се слушне дијагнозата тумор и сите ризици што ги носи операцијата на истиот? Те направи ли ова посилен човек?

Се возев кон теретана и имав намера да тренирам нозе. Случајно на телефонот ми се појави „memory“ (спомен) фотографија од истиот ден од минатата година каде што лежам во болница по операцијата.

Си реков „Леле, лани ја оперирав ногата, и не знаев дали воопшто ќе биде функционална, а денес, на ист ден тренирам нозе. Боже, фала ти!”

Тоа ме поттикна да ја споделам својата приказна со сите. Во овие времиња каде што сме опкружени со трагични вести, војни, земјотреси, сакав да споделам една приказна каде што доброто победува, каде победува вербата и силната волја.

Не ми беше сеедно првите 10 минути откако дознав за што се работи, но се помирив и само ги препуштив работите на Бога.

Секако дека ова е една од ситуациите кои ти го менуваат животот.

david-temelkov-ja-operirav-nogata-i-ne-znaev-dali-kje-funkcionira-x-faktor-mi-gi-otvori-vratite-vo-vistinska-nasoka-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“ „Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото ...
„Ги учам моите деца дека луѓето не се делат по етничка група, верска припадност, социјален статус“ -... „Кога ќе имате пријатели од сите етнички заедници, сите религии, економски посла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg