Берк Бугариќ, македонски тенисер и студент на Универзитетот Јута во САД: „Ми недостигаат најблиските, но тука сум за да ги исполнам соништата“

Какви се можностите што ти ги нуди прекуокеанската земја? Дали полесно се напредува? Како се вреднуваат талентите и напорната работа?

Можностите што оваа земја ги нуди лично за мене се повеќе од идеални и многу ми е драго што одлучив да дојдам тука, бидејќи експоненциално ми помага да напредувам и да си ги исполнам своите академски и тениски цели.

Тука студирам економија и финансии. Напорната работа е впрочем една од најважните работи за оваа држава, така што јас со тоа немав никаков проблем. Иако морам да признаам дека имаше моменти кога ми беше доста тешко, бидејќи сепак си разделен од најблиските.

Berk-Bugariц-Dobiv-stipendija-na-prestizhniot-Univerzitet-vo-Juta-zhivotot-tuka-e-mnogu-aktiven-06.jpg

Кој бил твојот најдобар и најсреќен момент на тенискиот терен?

Тешко е да се избере мојот најдобар и најсреќен момент на тенискиот терен. Ги има многу. Но, ете, ако треба да одберам еден момент тогаш дефинитивно би го ставил моментот кога го освоив мојот прв интернационален турнир до 18 години.

Знаејќи го она што го знаеш сега, каков совет би си дал себеси на почетокот на твојата кариера?

Биди посвесен на нештата кои ги правиш и кажуваш надвор од теренот. Правејќи ги овие работи надвор од теренот, воочив многу поголем порив за успех. Тие ми помогнаа многу неочекувано на позитивен начин внатре во теренот.

berk-bugaric-dobiv-stipendija-na-prestizhniot-univerzitet-vo-juta-zhivotot-tuka-e-mnogu-aktiven-i-razlichen-od-makedonija-04.jpg

Што најмногу ти недостасува од Македонија?

Најмногу ми недостасува мојата фамилија и блиските луѓе. Иако Америка дава многу можности за да се просперира на многу начини, сепак празнината е во тоа што ги немам оние најсаканите до мене.

Но сепак, свесен сум дека сето ова што го правам е за мене, но и за нив.

И секако храната. Храната не може да се спореди бидејќи нашата македонска, односно Балканска храна е превкусна. 

Каков совет би им дал на најмладите спортисти со големи амбиции?

Посветете се и размислувајте на долгорочните цели, а не на краткорочните и привремени задоволства.

berk-bugaric-dobiv-stipendija-na-prestizhniot-univerzitet-vo-juta-zhivotot-tuka-e-mnogu-aktiven-i-razlichen-od-makedonija-03.jpg

Кои се едни од твоите најголеми амбиции и желби? Каде се гледаш за 10 години од сега?

Моите најголеми животни амбиции се да водам живот каде што постојано ќе го давам својот максимум и каде ќе сум целосно среќен.

Би сакал да станам успешен преку тенисот и да постанам еден од најдобрите играчи во светот. За 10 години се гледам себеси како личност која што ги има постигнато сите цели што си ги поставил.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кирил Ангелов | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg