Maрјан Маневски: „Мојата ќерка Сара (2) има цистична фиброза, но за неа со сопругата ќе поместиме планини“

Што ви е најтешко во целата ситуација? Кој беше најтежок миг, најсилен симптом?

Многу работи се тешки. Хоспитализациите, намалените дружења во зимскиот период, моментите кога Сара ги одбива задолжителните третмани, иако сме прилично строги.

Се случува физикална која редовно трае 30 минути да трае и по еден или два часа.

Тешко е кога сум настинат, па не можам да ја прегрнам и бакнам, бидејќи така можам да ѝ ја пренесам настинката, со што може да ѝ се влоши состојбата.

marjan-manevski-mojata-kjerka-sara-2-ima-cistichna-fibroza-no-za-nea-so-soprugata-kje-pomestime-planini-03.jpg

Секој ги води животните битки на свој начин, како ја водите вие вашата? Која работа ви е мотивација?

Со смеа, игра и прошетки ги надминуваме тешките моменти.  

Тоа што секој ден гледаме во каква личност прераснува, знаеме дека ние никогаш нема да се откажеме од оваа борба. Поради нејзината насмевка можеме да поместиме и планини.

Сара е наш херој, толку мала, а толку силна.

marjan-manevski-mojata-kjerka-sara-2-ima-cistichna-fibroza-no-za-nea-so-soprugata-kje-pomestime-planini-11.jpg

Најдобриот совет што ви го дадоа во врска со справувањето со цистична фиброза е...

Да бидеме храбри и да не дозволиме ЦФ да застане на патот Сара да биде среќна и исполнета, да има квалитетен живот.

marjan-manevski-mojata-kjerka-sara-2-ima-cistichna-fibroza-no-za-nea-so-soprugata-kje-pomestime-planini-12.jpg

Знаевте ли дека сте носители на вакви гени? Имало ли некогаш ваков тип на случај во вашето семејство?

Не знаевме дека сме носители. Во нашите семејства нема друг случај на лице со ЦФ.

Искрено, бев изненаден кога дознав дека е најчеста ретка болест на белата раса и тоа носител е 1 на 25 луѓе.

marjan-manevski-mojata-kjerka-sara-2-ima-cistichna-fibroza-no-za-nea-so-soprugata-kje-pomestime-planini-06.jpg

Имала ли Сара некогаш хоспитализација? Како изгледа тоа? Колку е стресно? Колку оваа ситуација ве направи посилни и посложни како семејство?

Тешки се хоспитализациите. Посебно оние кога Бадник, Божик, Василица ќе го поминете сам, наместо со најблиските.

Тоа се случи лани кога наместо да сме на Бадникова трпеза, ќерката и сопругата ги однесов во болница.

Тежок беше престојот како за нив, така и за мене. Дете кое е постојано радосно, насмеано таму беше сосема друго, дете кое не се смее и се плаши на секое тропкање или отворање на врата, бидејќи знае што следува, инфузија или ново боцкање.

Сето тоа го надминавме и станавме посилни.

marjan-manevski-mojata-kjerka-sara-2-ima-cistichna-fibroza-no-za-nea-so-soprugata-kje-pomestime-planini-15.jpg

Порака до сите што во моментот се соочуваат со дијагноза од овој тип на своето детенце или со некоја друга ретка болест...

Не сте сами. Бидете силни. Насмевката и прегратката на вашето дете нека ви бидат мотив од борбата да излезете како победници.

marjan-manevski-mojata-kjerka-sara-2-ima-cistichna-fibroza-no-za-nea-so-soprugata-kje-pomestime-planini-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова



Би можело да ве интересира:

Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Ивана од Прилеп го победи ракот: „Ќерка ми (5) ми ја скрати косата кога почна да ми паѓа од хемотера... „Кога ми кажаа дека ракот е минато и тоа како се изнаплакав! Цела една година во...
Успешни мајка и ќерка: Катарина има врвни тениски успеси, а мајка ѝ Слаѓана е жена претприемач „Мојата мајка е столбот кој стои зад секој мој успех. Таа секогаш се грижеше да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg