Стоматологот Иван Шутаров: „Плакнете ги со вода забите по јадење портокал, но не ги четкајте веднаш по оброк“

Дали белеењето на забите ги оштетува?

Зависи. Постојат различни средства и методи со кои може да дојде до избелување на нашите заби. Некои од нив, можат да имаат штетно дејство.

Но, избелувањето на забите кое е направено од страна на стручно лице во стоматолошка ординација, со употреба на адекватни средства и методи е сосема безбедно и без никакво оштетување на забите. 

stomatologot-ivan-shutarov-zabite-treba-da-se-chetkaat-2-minuti-no-greshka-se-presilnoto-chetkanje-i-tvrdata-chetka-04.jpg

Кои се најчести проблеми со забите кај помладите, а кои кај постарите?

Најчестиот проблем кај младите е појавата на кариес на забите, додека кај постарите е пародонтопатијата (расклатени заби).

stomatologot-ivan-shutarov-zabite-treba-da-se-chetkaat-2-minuti-no-greshka-se-presilnoto-chetkanje-i-tvrdata-chetka-03.jpg

Дали треба да ги плакнеме забите веднаш откако ќе јадеме нешто кисело како портокал/мандарина? Дали навистина ги нагризуваат?

Да. Според pH вредноста тие предизвикуваат кисела средина во нашата уста, и го нагризуваат површинскиот слој на забот -  емајлот/глеѓта.

Доколку внесуваме таков тип на храна и пијалаци, треба да ја исплакнеме устата со малку вода за да ја намалиме киселоста.

Но, никако не смееме да ги четкаме забите веднаш потоа, бидејќи глеѓта е веќе нагризана од киселоста и четкањето може да направи повеќе штета.

stomatologot-ivan-shutarov-zabite-treba-da-se-chetkaat-2-minuti-no-greshka-se-presilnoto-chetkanje-i-tvrdata-chetka-11.jpg

Дали треба да се мијат забите веднаш по јадење?

Не треба. Како што веќе напоменав во претходното прашање, доколку сме консумирале храна и пијалаци (портокали, лимони, грејпфрут, кафе, итн…) кои предизвикуваат кисела средина во нашата уста, не смееме да ги четкаме забите.

Најдобро е да ја исплакнеме устата само со вода, и да почекаме минимум 1 час пред да ги четкаме забите.

Тоа е време кое е потребно за нашата плунка природно да ги разгради и измие честичките од храна и да ја врати pH вредноста во устата на соодветното ниво.

stomatologot-ivan-shutarov-zabite-treba-da-se-chetkaat-2-minuti-no-greshka-se-presilnoto-chetkanje-i-tvrdata-chetka-07.jpg

Доаѓаат ли луѓе со барања за холивудски бела насмевка? Возможно ли е тоа да се постигне?

Секојдневно доаѓаат луѓе кои сакаат бели заби и блескава насмевка, и тоа е сосема нормално. Со помош на избелувањето на забите не е возможно да се постигнат премногу бели заби, но со помош на протетските изработки да.

Меѓутоа, ние во нашата ординација се стремиме забите кои ги правиме да изгледаат што поприродно, па така и пациентите кои доаѓаат кај нас знаат и очекуваат бели заби, но сепак да изгледаат природно - да не бидат вештачки бели. 

А самото тоа е и поголем предизвик за нас, бидејќи многу е потешко да изработите заби кои изгледаат како природните, со сите анатомо-морфолошки карактеристики кои ги имаат нашите природни заби.  

stomatologot-ivan-shutarov-zabite-treba-da-se-chetkaat-2-minuti-no-greshka-se-presilnoto-chetkanje-i-tvrdata-chetka-06.jpg

stomatologot-ivan-shutarov-zabite-treba-da-se-chetkaat-2-minuti-no-greshka-se-presilnoto-chetkanje-i-tvrdata-chetka-02.jpg

stomatologot-ivan-shutarov-plaknete-gi-so-voda-zabite-po-jadenje-portokal-no-ne-gi-chetkajte-vednash-po-obrok-22.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Ивана К. Чурлевска живее во Финска: „Кога Финец ве договара за кафе, очекува да му кажете точно врем... „Кога првпат на гости ни дојдоа Финци, јас секако дека имав подготвено вечера, а...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg