Никола Коларовски, планинар: „Се имам изгубено во магла на Бистра, ветрот ме поместуваше и ќе смрзнев, но сега сум искусен“

Често знаеш да се впуштиш во авантури вртејќи со педали. Која ти е најдолгата тура што ја имаш извозено со велосипед?

Немам којзнае колку богата историја кога е велосипедот во прашање – иако е активност во која длабоко уживам, обично планината победува кога се двоумам што да се прави.

Најчесто правам локални тури, а од подолгите и поинтересните ја издвојувам турата околу Охридско Езеро, во должина од околу 100 километри и безброј магични видици попатно.

nikola kolarovski covek mora da se izmori za kompetno da g0 dozivee katarznicniot efekt na planianta 6

Што сè ти одвлекува внимание кога ќе се најдеш на планинска патека или во некоја густа шума?

Имам забележано дека луѓето често знаат да бидат поделени кога станува збор за терен што го преферираат, на пример – некои сакаат исклучиво шуми, други исклучиво отворени, голи терени.

До пред неколку години повеќе ме привлекуваше второто но денес сум прилично избалансиран на тоа поле.

Како што се восхитувам на моќни, заострени, голи планински врвови и епските погледи кон далечините, така се восхитувам и на ситните детали во шумата – капката што виси на врвот од моликовата игличка, минијатурната печурка, приказните во корите од старите дрва.

Убавина на микро и макро план.

nikola kolarovski covek mora da se izmori za kompetno da g0 dozivee katarznicniot efekt na planianta 5

Имаш ли откриено места кои се помалку познати, а сметаш дека секој треба да ги посети?

Тоа е тешко да се одговори од неколку причини. Многумина знаат да речат „јас ја имам поминато цела Македонија“, мислејќи дека поминување низ некое село со автомобил е исто што и доживување на тоа село.

За човек да каже дека посетил некое место, треба убаво и трпеливо да го прошета тоа место, да обрнува внимание на детали, да го апсорбира секој камен од секоја селска куќа, да сака да научи нешто за тоа место.

Заинтересираност е клучниот збор во овој одговор. Неодамна почнав да правам прошетки околу мојата населба и сфатив дека не си го познавам сопственото место на живеење.

Пронајдов убавина на неколку стотини метри од домот. Од тој аспект, можам да кажам дека после сите планини што сум ги искачил и села што сум ги посетил, уште не знам ни 2% од Македонија, така што не е толку во прашање конкретно место, бидејќи Македонија има убавини во секое ќоше.

Она што е вистински важно е интересот да се запознае и доживее својата татковина, а ако има таков интерес – истражувањето на непознатото природно ќе си дојде.

Близу невозможно ми е да наведам конкретни примери бидејќи би немало крај, но би можел да издвојам пошироки предели – селата во областа Порече, селата околу централниот дел на Шар Планина, селата на падините на планините Крчин, Дешат и Бистра и мојот омилен крај – Преспа, со селата на југоисточниот брег на езерото, Брајчино, Љубојно, Долно Дупени.

Од моите недамнешни откритија би го издвоил манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ на 3 километри од Преспанското село Сливница, длабоко во крајните западни падини на Баба Планина.

nikola kolarovski covek mora da se izmori za kompetno da g0 dozivee katarznicniot efekt na planianta 15

Скоро на никое патување не заминуваш без твојот фотоапарат. По какви моменти и кадри си во постојано трагање?

Ретко тргнувам со претходно зацртана замисла. Ако планирам, тоа најчесто се фотографии на теми од светот на Толкин („Господарот на Прстените“ како најпознат пример) или автопортрети со специфични приказни и природни позадини.

Остатокот од времето се препуштам на непредвидливоста на природата – секогаш има нешто интересно и неочекувано, така што во еден ден може да настанат интересни фотографии од различни категории – автопортрет, епски пејзаж, макро фотографија, зајдисонце па вечерта ѕвездено небо, месечина.

nikola kolarovski covek mora da se izmori za kompetno da g0 dozivee katarznicniot efekt na planianta 4

Како уметничката фотографија и природата се надополнуваат една со друга?

Верувам дека за да се направи успешна фотографија од природа, треба да постои конкретно доживување, а тоа најверојатно е и суштината на уметноста во целина.

Лесно е да се чкрапне кадарот што очите го гледаат.

Вистинскиот предизвик е во тоа преку фотографијата да се долови доживувањето, приказната од моментот – оној елемент што најмногу го восхитил фотографот и го натерал да ја замрзне сцената, за истото (барем приближно) да го доживее и оној што потоа ќе ја види таа фотографија.

Природата е таму каде што е и таква каква што е, прашањето е колку да се зумира, каде да се фокусира, кои точки да ја сочинуваат рамката на фотографијата, која боја да се истакнува при обработката, кој дел да се исече и сите останати параметри за потоа оној што ќе ја види да почувствува како вистински да стои пред моќниот, пирамидален планински врв што го вчудовидел самиот фотограф, или да биде хипнотизиран од капката дожд која виси на некое ливче и да се почувствува како времето да запрело, исто како и фотографот.

nikola kolarovski covek mora da se izmori za kompetno da g0 dozivee katarznicniot efekt na planianta 19

На кои фотографии што ги имаш направено досега си посебно горд?

Фотографии од врвовите на Кожуф во облаци – сцени кои најсилно допреа до моите исконски фантазии во областа на епското.

Неколку фотографии од Мало и Големо Преспанско езеро, направени од мојот омилен планински врв Цуце на Баба Планина.

Фотографии од едно соло искачување на Титов Врв и Мал Турчин, потоа од средишниот дел на Шар Планина, па епските зајдисонца над Преспанско Езеро посведочени од врвот Ветерница.

Особено ми значат и дел од фотографиите инспирирани од „Господарот на Прстените“, меѓу кои и неколку автопортрети во шуми и на планински врвови, направени за многу кратко време, што посебно ме радувало бидејќи нема поубаво од тоа кога успешна фотографија ќе испадне „на брзина“ и „од прва“, без многу мислење и местење.

nikola kolarovski covek mora da se izmori za kompetno da g0 dozivee katarznicniot efekt na planianta 18

Тука може да го завршиме разговорот. На што сè те имаат научено планините?

Најголемата лекција – оставање простор за непознатото, знаење колку не знаеш. Мудрост што може да се имплементира во буквално сите сфери од животот, секојдневно.

Многупати ја имам потценето планината и еднаш ќе го загубев животот поради тоа.

Нема мудрост без болка – после сите страдања низ кои сум поминал во планина поради погрешни процени, научив да бидам понизен и скромен во секој поглед, не само кон планината туку во однос на која било нова ситуација.

Не присвојувам цврсти ставови и убедувања, зашто животот секогаш наоѓа начин да приреди искуство со кое ќе ти го докаже сосема спротивното.

Благодарение на планините, денес во многу ситуации знам да останам неутрален и да немам никакво мислење, а најтешко е човек да се воздржи од имање став за некоја работа.

Не правам калкулации за нешта со кои не сум доволно запознаен и секогаш сум подготвен да наидам на ситуација што никогаш не би ја предвидел.

Самоконтрола во кризни ситуации – ми се случило да ме стемни во шума во крајно див и изолиран терен каде никогаш претходно не сум стапнал, истовремено во најгуста возможна магла и длабок снег исшаран со безброј стапки од дивеч, без никаква идеја во кој правец треба да се движам.

Или пак да висам на вертикална карпа опколена со амбиси, без заштитна опрема.

Единствена опција во такви ситуации е човек да остане спокоен, да го задржи позитивниот дух и смирено да смисли излезно решение, зашто паниката може да биде поголем убиец од сите претходно споменати пречки.

А самотните прошетки по највисоките македонски врвови ме инспирирале да одам против стравот (што и те како сум го почувствувал), да го надминам и да се вратам дома променет – поцврст и постабилен.

nikola kolarovski covek mora da se izmori za kompetno da g0 dozivee katarznicniot efekt na planianta 17

nikola kolarovski covek mora da se izmori za kompetno da g0 dozivee katarznicniot efekt na planianta 9

nikola kolarovski covek mora da se izmori za kompetno da g0 dozivee katarznicniot efekt na planianta 10

nikola kolarovski covek mora da se izmori za kompetno da g0 dozivee katarznicniot efekt na planianta 13

nikola kolarovski covek mora da se izmori za kompetno da g0 dozivee katarznicniot efekt na planianta 12

nikola kolarovski covek mora da se izmori za kompetno da g0 dozivee katarznicniot efekt na planianta 7

nikola kolarovski covek mora da se izmori za kompetno da g0 dozivee katarznicniot efekt na planianta 1

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвував... „Еднаш правевме голема свадбена торта за во Струга и при транспорт, се оштети де...
Јосиф, нов миленик на тинејџерките: „Публиката ме запозна по дуетот со Војаж“ „Артистите што се на „Фиеста“ ми се драги пријатели и секогаш расположени за муз...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg