Пулексенија Јованоска: „На 29 години се пензионирам од карате, бев 12-кратен државен шампион, ја претставував Македонија на Олимпијада“

Како реагираат мажите кога ќе им кажеш дека си првак во карате?

Мажите не реагираат бурно, го земаат како интересен факт и толку.

Можеби и јас не оставам таква слика, на прв момент се „Ејјјј тии каратист“, а подоцна сфаќаат дека тоа е спорт, како и сите останати, и тоа е тоа.

puleksenija-jovanoska-na-29-godini-se-penzioniram-od-karate-vitiligo-dobiv-na-19-godini-i-ne-mi-prechi-02.jpg

Кои се твоите навики за убавина?

Навики за убавина. Здрав сон и редовен тренинг. Дефинитивно. Здраво тело се познава по здравите навики. А здравите навики даваат убавина и внатрешно и надворешно.

Пробувам да имам здрав начин на живот. Сè друго е во нормално размери. Од нега на лице, коса, тело.

puleksenija-jovanoska-na-29-godini-se-penzioniram-od-karate-vitiligo-dobiv-na-19-godini-i-ne-mi-prechi-12.jpg

Се соочуваш со витилиго и јавно говориш за тоа. Кога ти беше дијагностицирано ова кожно нарушување и што значи да се живее со витилиго?

Витилиго добив на мои 19 години. Не ми пречи затоа и јавно зборувам.

Едноставно е промена. Надворешен „недостаток“ којшто само естетски може да влијае.

Какви страшни дијагнози има во денешно време, фала му на Бога што е единствено нешто што Господ ми го дал како предизвик да се носам со тоа.

И засега добро ми оди.

puleksenija-jovanoska-na-29-godini-se-penzioniram-od-karate-vitiligo-dobiv-na-19-godini-i-ne-mi-prechi-10.jpg

Да се живее со витилиго не значи ништо, борба како и со сè останато. Како што кажав фала му на Бога не е ништо, страшно, болно, Заразно, ниту пречи на некого.

Сите третмани што сум имала прилика да си ги дозволам ми се испробани, со витилигото се дружиме од 2013 година, но сега засега нема јунак да го победи, а ако има промена ќе се пофалам сигурно.

puleksenija-jovanoska-na-29-godini-se-penzioniram-od-karate-vitiligo-dobiv-na-19-godini-i-ne-mi-prechi-13.jpg

Порака до сите што се соочуваат со истото…

Сакајте се себеси, надворешниот изглед е битен, ама не и пресуден.

Најбитно е каква енергија ширите. Што носите во срцето, што давате, позитивни коментари, насмевки, Поддршка, помош, тоа не нè чини многу, а прави голема промена меѓу луѓето. Барајте го Христос, тој е Љубов, а Љубовта го движи светот.

Љубовта нè прави подобри луѓе. Секое дело направено со љубов е убаво. Секоја работа завршена со љубов е успешна. Љубов кон родителите, љубов кон работата, кон спортот, кон братот, кон пријателите...

Љубов поради љубов, добрина поради добрина!

puleksenija-jovanoska-na-29-godini-se-penzioniram-od-karate-vitiligo-dobiv-na-19-godini-i-ne-mi-prechi-02_1.jpg

Што со посакуваш на поле кариера? На колку години одат во „пензија“ каратистите? Сметаш ли дека го имаш достигнато врвот?

Со кариерата завршувам оваа година, сметам дека е доволно. Најбитно е во животот да знаеш кога е доста. Јас освоив сè што сакав.

Сите предизвици и цели се остварени. Со остварен сон, чисто срце и исправена глава преблагодарна за сè што ми пружи спортот ставам крај на една преубава приказна.

Спремна за нови предизвици нови цели и планови.

Нов предизвик ми е клубот, во септември оваа година започнав со тренинзи во мој сопствен карате клуб „Пулексенија“, на кој особено му се радувам и со многу љубов работам со дечињата, со долгорочни планови и истрајност, се надевам дека ќе прерасне во еден клуб со многу таленти и успешни каратисти.

Пред сè добри луѓе и спортисти за пример.

puleksenija-jovanoska-na-29-godini-se-penzioniram-od-karate-vitiligo-dobiv-na-19-godini-i-ne-mi-prechi-03_1.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg