Марија од Куманово за сафари патувањето во Кенија: „Патувавме 40 часа, највозбудена бев кога се приближивме до група лавици“

„Од тргнувањето од Куманово до дестинацијата поминаа околу 40 часа во пат. Видовме зебри, слонови и лавови и беше премногу возбудливо да се видат од толку блиску во нивната природна средина, но чувствував и страв кога размислив каков исход може да има нашата средба“ – вели во интервју за CRNOBELO.com, Марија Крстевска Тасева, девојка од Куманово која била на сафари патување во Кенија.

BeFunky collage

Марија Крстевска Тасева е 28-годишна девојка од Куманово со пасија за патување, истражување на нови места и култури, како и доживотно учење и надоградување на себеси преку неформално образование. До сега има посетено 32 земји на 5 континенти, а секое патување за неа е посебна приказна.

Долги години е активна во младинскиот сектор и голем дел од овие патувања ги остварила благодарение на можностите за образовни мобилности на младите. Во моментот Марија е претседателка на Националниот младински совет на Македонија коешто е претставничко тело на младите.

Марија во разговор со CRNOBELO.com ги споделува своите искуства од сафари патувањето во Кенија и споделува какво е чувството да се видат голем број од африканските животни во нивната природна средина.

Зошто токму Кенија?

Патувањето во Кенија беше по повод учество на глобален проект насловен „Пристап на младите до правата преку имплементирање на целите за одржлив развој“ (Youth access to rights through implementing the SDGs) спроведуван од страна на Центар за интеркултурен дијалог, младинска организација од Куманово во којашто работам.

Конкретно, стануваше збор за младинска размена во близина на Момбаса на којашто имав улога на фасилитатор.

BeFunky collage 11

Колку долго патуваше и како леташе до дестинацијата?

Хм, патот до таму беше вистинско патешествие. Требаше да летаме преку Истанбул, меѓутоа еден од летовите беше откажан па мораше да ја смениме рутата.

Тргнавме од Куманово до Белград со автомобил. Од таму првиот лет ни беше до Доха, Катар кој траеше 5 часа, а таму чекавме околу 4 часа по што се упативме со следниот лет до Наироби со времетраење од 5 часа и 30 минути.

До таму сè беше добро и не бевме нешто премногу изморени. Интересниот дел допрва следеше.

Сè уште не можам да поверувам дека 500-те километри од Наироби до Диани Бич ги возевме цели 12 часа, но барем беше преку ден и беше многу забавно покрај самиот пат да се видат зебри, жирафи, мајмуни, како и некои домашни животни кои ни се подобро познати. Ако сметам од тргнувањето од Куманово до дестинацијата поминаа околу 40 часа во пат.

BeFunky collage 18

Кој национален парк го посетивте?

Баравме опции за национален парк во релативна близина на Момбаса кој би можеле да го посетиме во еден ден, а сепак да видиме поголем број на животни, па така изборот падна на Tsavo East National Park.

BeFunky collage 10

Какви подготовки направи пред да заминеш на сафарито во Африка?

Немаше потреба од некои посебни подготовки. Некои препорачуваат да се прими вакцина против жолта треска, меѓутоа не е задолжителна, исто како и лекарствата за превенција од маларија.

Колку време траеше целото искуство?

Патот од нашата локација до паркот траеше околу 3 часа. На влезот на паркот бевме во 9 часот наутро и таму останавме некаде до 4 часот попладне, со пауза за ручек помеѓу.

BeFunky collage 17

Што имаше сè спакувано за сафарито?

Имав крем со заштитен фактор и очила за сонце, а шешир си купив на влезот од националниот парк, од оние што се врзуваат за да не ми летне од ветрот при брзо возење.

Нè посоветуваа да бидеме во лесна облека во бои со земјени тонови, што го испочитував.

На себе имав шорцови, маичка и тенка кошула со долги ракави. За среќа не послушав да облечам папучи и тргнав во патики, а папучите ги ставив како резерва во ранче и воопшто не ги облеков.

Сфатив дека ќе беше грешка да тргнав со нив, од причина што многу често станувавме во џипот за поубаво да ги видиме животните од отворениот дел, а при нагло тргнување или кочење веројатно многу брзо ќе останев без нив или уште полошо ќе завршев можеби со некоја повреда.

Секако носевме и поголема количина на вода со нас во фрижидерче за да може да останеме хидрирани.

BeFunky collage 12

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg