Инспиративна жена: Дина Муцунска - менаџер, активист, вљубеничка во спортот и посветена мајка
Најдобра животна лекција што ја имаш научено и совет кој можеби би си го дала на помладата верзија од себе?
Од многу мала научив дека различното, е само различно, не е по секоја цена – како што најчесто се пласира во нашиот менталитет – лошо, неточно, неубаво…
Дека „паричката секогаш има две лица“, дека секогаш треба да делувам / да се однесувам согласно долгорочните цели, а не според она кое во моментот изгледа најпривлечно, дека она што е за мене логично, за другиот може да не е воопшто ни предмет на размислување и дека не се работи за IQ, тука само за различно животно искуство, перцепција, културни навики, дека пресудно за среќа, покрај здравјето е EQ-то бидејќи е директно врзано за капацитетот за искрена љубов и дека не ми се виновни оние коишто не умеат и не знаат подобро, бидејќи не се криви, што не поседуваат капацитет за истото, да можат веројатно би избрале и тие помудро…
Најдобрата лекција од родителите…
Ме научија на достоинство, чесност, работливост, посветеност, секогаш ми пружаат љубов, поддршка и припадност, истото ми е цел да биде всадено и втемелено, како постулат и кај моите деца, за да можат и тие да го дадат на нивните, затоа што просто е, не можеш да дадеш нешто што немаш…
Повеќе фотографии од Дина Муцунска:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело