Горан Анастасовски: „Ми годеше кога DailyMail ме нарече крал на фотографијата, а омилено ми е да ги сликам животните во зоолошка“
Најдобра случка на терен...
Најдобри случки секогаш ми се кога некое животно ќе дојде на свет, а јас ќе го фатам моментот, од тоа подобро чувство нема и секако децата 15 минути после раѓањето со своите мајки.
Колку години го работиш ова и како се усовршуваш?
Од 2006 година се занимавам со фотографија и се усовршувам само со многу фотографирање.
Која светска личност или настан ти е предизвик да ја сликаш некогаш во животот?
Искрено да кажам нема личност која би ми била предизвик да ја фотографирам додека за животно секако има.
Бидејќи има животни кои досега не сум ги фотографирал, па би сакал да фотографирам панди.
Што си посакуваш за 10 години отсега?
Си посакувам прво добро здравје и секако да продолжи интересот за моите фотографии, како и до сега.
Повеќе неверојатни фотографии од Горан Анастасовски и објави за него во медиумите:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело