Христина од Кичево е мајка на предвреме родено дете: „Имав нормална бременост, дури по 2 години сфативме дека син ми има застој во развојот“

Како забележавте дека има застој во развојот на детето, кога првпат забележавте дека нешто не е во ред и одлучивте да побарате помош?

Леонид беше бебе кое се развиваше исклучиво како по книга. Буквално сѐ се одвиваше најнормално. Според возраста, тој навреме седна, навреме загуга, навреме прооде.

Не знам дали предност е што ми е второ дете па веќе знаев каков е развојот со дете кое е со типичен развој, па можеби тоа ме замисли да согледам дека нешто не ми е во ред со неговиот развој.

Некаде на 18 месеци заклучив дека детето има блед поглед, не ме следи што му кажувам, нема интеракција, нема комуникација, нема слушање на команди.

Но, јас си велев: „Ајде, можеби дека предвремено родено и сѐ уште не му е дојдено време“.

hristina-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-dete-na-2-godini-sfativme-deka-sin-mi-ima-zastoj-vo-razvojot-igrachkite-shto-gi-kreiram-bea-kluchni-za-negovoto-budenje-09.jpg

Го носев и на редовни контроли во Центарот за следење на деца родени во ризик. И таму сѐ беше во рамките на нормалата.

А и секој од блиските кога ќе ги запрашав како им изгледа Леонид, сите велеа дека е одличен: „Па чекај, тоа е само предвреме родено, нормално е“.

И така се тешев до 2 години и веќе притиснав аларм. Првично го виде логопед и констатира дека се работи за хиперсензитвност и ни даде насоки да го посетиме Заводот за рехабилитација на слух говор и глас и таму цел тим на стручњаци вршат проценка врз самото дете и доаѓаат до констатација дека сепак се работи за развојна дифузија и дека треба да се започне со работа на дефектолог и логопед паралелно.

Кажаа дека е во одлична возраст каде во тој период е вклучена рано развојната интервенција и со работа ќе успееме да го средиме.

И за многу кратко време ние успеавме да го пробудиме тоа заспано мозоче.

Но, веќе сето тоа понатаму е цел процес на работа кој бара голема упорност, истрајност, трпение, и ние веднаш се пуштивме во акција барајќи дефектолог и логопед паралелно.

По краток период фати короната и моравме да се затвориме дома и да работиме сами.

hristina-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-dete-na-2-godini-sfativme-deka-sin-mi-ima-zastoj-vo-razvojot-igrachkite-shto-gi-kreiram-bea-kluchni-za-negovoto-budenje-15.jpg

Тоа беше најстресниот период во нашето работење каде само што започнавме со третмани ние моравме сами да продолжиме.

Дете кое немаше фокус, концентрација и внимание, дете кое не можеше да седи на столче повеќе од 3 минути, успеав да го донесам на моментот на дете на кое фокусот, концентрацијата и вниманието на столче му траеа и до 1 час интензивна работа.

И кога дојде моментот да можеме да излеземе од карантин и да одиме на нови третмани, прво нешто што го добив како реакција од неговиот тогашен логопед Силвана Филипова која е Директорка во Заводот за рехабилитација на слух говор и глас, беа нејзините зборови: „па јас имам до мене потполно пробудено дете, друго дете свесно дете“ и таа ни посочи дека ние веќе сме на вистинскиот пат и само така смело да продолжиме напред со исто темпо.

Сето ова мене само ми даде мотив плус за да чекориме кон истата патека. Продолжив интензивно да креирам развојни играчки кои се покажаа како еден од клучот за успехот во неговиот напредок во развојот и неговото целосно будење.

Која беше првата активност што забележавте дека на Леонид му помага за да се „разбуди“?

Како прва активност за неговото будење му беа игрите со емоции. Стартно кај овие дечиња се нудат игри за препознавање на самите емоции.

Најважниот момент во процесот на работа во овој дел се емоциите.

Детето мора стартно да ги совлада сите важни основни емоции за да може да продолжи со понатамошно функционирање.

Со тоа и се намалуваат или пак исчезнуваат стереотипните движења кај детето, ако воопшто ги имало.

Како пример за една активност со емоции е следната: На еден лист нацртајте ги основните 4 емоции, лик како се смее, како плаче, како е исплашено, како е тажно, а на друга страна истите ликови повторно се цртаат, но истите се сечат и се нудат на детето.

Задачата е емоциите што сме ги понудиле, детето да ги става на листот на соодветното место од самата емоција.

Веќе кога детето ќе ги совлада основните емоции преминуваме кон скала плус.

hristina-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-dete-na-2-godini-sfativme-deka-sin-mi-ima-zastoj-vo-razvojot-igrachkite-shto-gi-kreiram-bea-kluchni-za-negovoto-budenje-05.jpg

Какви активности вообичаено се вклучени во неговото секојдневие?

Во неговото секојдневие имаме најразлични активности.

Кога започнавме со работењето и нудењето на игри јас најпрво од вечер правев план што утре ќе се игра и ќе се нуди како игра.

Откако сум го направила планот, а и сум ги искреирала игрите, веќе утредента нудам, исклучиво насабајле кога детето е наспано, најадено и спремно со одлична енергија и концентеација за почеток на денот и играта во него.

Во самите активности вклучувам буквално сѐ во текот на 1 час. Првично нудам игра на јога топка и слушање во позадина тивка музика.

Следно настапувам со игри за фина моторика каде макароните, монистата, волницата, стикерите, ни беа наше секојдневие.

Обавезно после тоа се вклучуваа и логопедските вежби со вклучување и на слоновите, и на крај и сензорните вежби со пластелин, тесто, брашно, сензорни топчиња итн.

Вакви беа самите почетоци кога интензивно работевме според шема, а сега најмногу ги сака игрите за визуелна перцепција, сложувалките креирани од картон, нижењето перли, игрите со пластелин, со топчиња и фаќалка, игри со животни.

Сето ова е едно негово секојдневие од нудење на активности, креирање и играње.

hristina-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-dete-na-2-godini-sfativme-deka-sin-mi-ima-zastoj-vo-razvojot-igrachkite-shto-gi-kreiram-bea-kluchni-za-negovoto-budenje-08.jpg

Како реагираше постарото дете додека активно бевте вклучени во тоа да му помогнете на малото дете? Дали се јави љубомора или и тоа се вклучува во активностите?

Поголемото дете целосно беше свесно за состојбата на брат му и уште од самиот старт му објаснивме и посочивме дека со Леонид мора да се работи постојано, и дека во одреден период во текот на денот кога ќе го предвидиме за активности и работа со брат му тој не треба да биде со нас, затоа што во самата работа треба да сме сами за да не му одзема внимание и концентрација.

Целосно го прифати тој момент, не се покажа љубомора, напротив кога имаат самостојна игра во текот на денот тој постојано е вклучен во интеракција со него, и играта секогаш му е од корист на Леонид. Така да во овој поглед немавме проблематика.

hristina-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-dete-na-2-godini-sfativme-deka-sin-mi-ima-zastoj-vo-razvojot-igrachkite-shto-gi-kreiram-bea-kluchni-za-negovoto-budenje-10.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg