Христина од Кичево е мајка на предвреме родено дете: „Имав нормална бременост, дури по 2 години сфативме дека син ми има застој во развојот“

„Две недели по раѓањето на Леонид состојбата му се влоши, за што лекарите не сакаа да ни кажат, а што најверојатно, потоа предизвика застој во развојот. Само што утврдивме дека има застој во развојот на 2 години, почна короната и место со стручни лица, моравме сами да работиме со детето“ – вели во изјава за CRNOBELO.com Христина Ангелкоски, мајка на две дечиња која своите искуства од грижата за детето со прекин во развојот ги собра во книгата „Прирачник за играчки направени во домашни услови“.

hristina-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-dete-na-2-godini-sfativme-deka-sin-mi-ima-zastoj-vo-razvojot-igrachkite-shto-gi-kreiram-bea-kluchni-za-negovoto-budenje-01.jpg

Христина Ангелкоски од Кичево е сопруга и мајка на две дечиња. Андреј има 9 години, а Леонид наскоро ќе наполни 5 години.

Христина има 37 години, а по професија е магистер Политиколог, а во последните години интензивно е посветена на работата со нејзините деца, посебно во детскиот развој на второто предвремено родено дете.

Таа е автор на електронскиот „Прирачник за играчки направени во домашни услови“, а на социјалните мрежи редовно споделува видеа во кои може да се види како нејзините деца растат и се развиваат без компјутери и таблети, со помош на играчките што таа самата ги создава и ги креира.

Во подолго интервју за CRNOBELO.com Христина говори за своето искуство како мајка на предвреме родено дете, споделува со какви предизвици се соочила од моментот на породувањето, па сѐ до моментот кога сфатила дека нејзиното дете има застој во развојот.

Нејзината приказна е приказна за мајка која целосно е посветена на тоа да им обезбеди здрав развој на нејзините деца, која своите искуства денес се обидува да ги сподели со колку е можно поголем број родители.

hristina-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-dete-na-2-godini-sfativme-deka-sin-mi-ima-zastoj-vo-razvojot-igrachkite-shto-gi-kreiram-bea-kluchni-za-negovoto-budenje-02.jpg

Ова е приказна за мајка која по соочувањето со мошне стресен период успева да најде начин самата да се избори со себеси и сето стекнато знаење и искуство да го „спакува“ во Прирачник што одлично би им се нашол на сите родители што сакаат да поминуваат повеќе време со своите деца, а немаат идеја како да креираат сами играчки што би помогнале за нивниот развој.

„Ја живеам својата животна страст, постојано учам нови работи кога е во прашање детскиот развој и родителувањето. Креатор и едукатор сум за своите деца.

Имам мисија да помагам на родители и да будам свест за тоа колку е важна стимулацијата во игра уште од раниот развој кај децата, но имам и мисија да будам свест кај родителите за тоа колку е важно раното започнување на развојната интервенција за детскиот развој“ – вели таа во изјава за CRNOBELO.com.

hristina-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-dete-na-2-godini-sfativme-deka-sin-mi-ima-zastoj-vo-razvojot-igrachkite-shto-gi-kreiram-bea-kluchni-za-negovoto-budenje-03.jpg

Во продолжение проследете го во целост интервјуто со Христина:

Најпрво кажете ни со какви предизвици се соочивте како мајка на предвреме родено детенце?

Како родител на предвреме родено дете се соочувам постојано со огромни предизвици, уште од самото раѓање па сѐ до понатамошното негово растење.

Кога си родител на предвреме родено дете тогаш поддршката и разбирањето го имаш најмногу од оние родители кои го оделе и одат истиот или сличен пат.

Преку овој профил запознав многу родители со кои меѓусебно си помагаме и делиме искуства и совети, па така се роди и идејата да создадам група на Инстаграм со сите родители со кои сме комуницирале одвоено, ги ставив сите на едно место – „Заедница за посебни родители“, така меѓусебно сме поддршка едни на други, делиме совети, но и го споделуваме сето она со кое се соочуваме како предизвик.

Како предизвици ги има многу, почнувајќи од неговото раѓање, кое беше огромен стрес за цело семејство, па сѐ до моментот на неговиот застој во развојот.

Откако како родител ќе се соочиме со овој момент најпрво што ни иде на памет е зошто ова кај нас се случи, што сега да правиме, кој е патот, од каде да почнеме, милион прашалници, а одговори немаш.

Јас во тој период застанав и, исплакнувањето на душата е стартно за да собереш сили за да можеш да продолжиш понатаму, после тоа се вратив при себе и си реков: „сега ти му требаш на ова дете и мораш да најдеш решение како ќе му помогнеш“.

Најважен момент во почеток на целиов овој процес е првично прифаќањето на состојбата на самото дете од страна на родителот.

Кога ние ќе ја прифатиме состојбата, тогаш тоа е веќе исто како да сме завршиле пола од работата. После тоа веќе правиме план за работа, наоѓаме стручњаци и се фрламе во акција.

Дали во бременоста имаше некои компликации што укажуваа на тоа дека Леонид ќе се роди порано?

Не, јас се водев како уредна бременост сè до 30-тата недела кога веќе добив знаци за породување.

Во текот на бременоста некаде во 20-тата недела осетив контракции и грчење на стомакот, стануваше тврд како орев, но докторот ме убедуваше дека тоа не се контракции, дека во тој период од бременоста плодот турка со глава, газе, нозе, и јас така, затоа што секогаш верувам во стручњаци, и овојпат се потпрев на него, иако постојано, цели 10 недели јас сум била со такви контракции и на тој начин се издлабило грлото на матката и предизвикало отворање и знаци за предвремено пораѓање.

Лежев на одделението за Перипартална интензивна нега (ПИН) во Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) цели 10 дена, и плодот веќе реши да излегува во 31-вата недела. Цели 2 месеци порано.

hristina-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-dete-na-2-godini-sfativme-deka-sin-mi-ima-zastoj-vo-razvojot-igrachkite-shto-gi-kreiram-bea-kluchni-za-negovoto-budenje-04.jpg

Колку време детето го задржаа во болница по породувањето, дали потоа сѐ се одвиваше најнормално?

Леонид на Одделението за интензивна нега (ОИН) беше 35 дена во инкубатор.

Првите 2 недели состојбата беше стабилна. Двапати неделно имавме можност за измолзување млеко и бебето го гледавме исклучиво преку стакло.

После 2 недели состојбата му се влоши, се борел со некоја инфекција, но до самото испишување од болница не кажуваа за каква инфекција станува збор.

Се работи за сепса која предизвикала крварење на мозочето и тоа предизвикало и проширување на левата комора од централен нервен систем, но, во граници на нормала.

Таа остана така проширена, и најверојатно тоа и е причинителот за самиот застој во развојот.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg