Тамара од Скопје: „На 33 години се вљубив во трчањето и едвај го чекам секој нареден маратон“
Потоа, којзнае колку трпение му требало на мојот добар другар Бојан што не беше со мене на овие првенства само во функција на другар, туку и на тренер, да ми помогне да стасам до каде што стасав во атлетиката за толку кратко време.
Во целата оваа приказна, клубот Корраннерс, како еден од најбројните атлетски клубови во Македонија, секогаш ме бодреше и беше зад мене, а и го славеше секој мој успех како да е нивен.
Е, токму со овие прекрасни луѓе, изминатиов викенд ја одржавме градската трка на 10км Колорран, со нашите партнери Ист гејт мол.
Како организатори на оваа улична трка, особено сме горди што успеавме во замислата иако сме сите вработени, со семејства и ред ситуации што животот ни ги приредува.
За овој спектакл во боја и буквално и фигуративно трчавме и се испотивме, но на Скопје и нашите пријатели од другите македонски градови, а и најзабавните Врањски маратонци им приредивме роденденска забава што ќе се памети.
Тој ден беше одбележан навистина на посебен начин на социјалните медиуми.
Искрено, преку мојот личен профил, одејќи нагоре и надолу по објавите, забележав дека секоја објава е поврзана со Колорран и дека боите доминираа од секој агол.
Како за прва трка, ги испочитувавме и почестивме и нашите победници во апсолутна категорија на 10км со парични награди и тоа 12.000 денари за првопласираните, 6.000 денари за второпласираните и 3.000 денари за третопласираните. Скопје - расположено и обоено!
И сега што?
Сега се враќаме на напорниот тренинг, особено јас за себе зборувам, затоа што следи Скопски маратон кој навистина сите со душа го чекаме.
Со оваа и нашата голема манифестација, покажавме дека во Македонија навистина има критична маса за трчање и дека таа расте од ден во ден.
Важно е само во Македонија да се случуваат вакви убави и позитивни настани кои ќе не извадат од здодевното и сиво секојдневие и буквално ќе ни го обојат животот во сите бои.“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело