Аида Зибери - урбана дама од нашите ТВ екрани, посветена мајка и сопруга со страст за патувања (фото)
Тој од самите почетоци на мојата кариера, направи сѐ за да јас не се одвојам од телевизијата и по раѓањето на моите две деца Анди и Арби.
Пред сè она што нас нè поврзува е искрениот однос, заедничките интереси во животот, семејните вредности, грижата за децата.
Секако кај него ме плени и комуникативноста, смислата за хумор, а пред сѐ интелектот, приземноста во сѐ. Со еден збор човечноста и емпатијата за секого, односно желбата секому да се помогне.
Како семејство во секој слободен миг се трудиме да се прошетаме и да истражуваме различни места со нашите најмили.
Обожавам да се фотографирам на секое место што го посетувам и истите потоа да ги споделувам со моите следбеници на социјалните мрежи. Инстаграм е социјалната мрежа која најмногу ја користам.
Што се однесува до мојот стил на облекување, јас сум страстен вљубеник во модата и новите трендови. Се обидувам да купувам во странство кога патувам, но секогаш со мерење на состојбата во паричникот.
Преку ден, кога немам снимања, носам поспортска облека.
Сепак облеката треба да се прилагоди секогаш со настаните што ни се случуваат низ животот, а пред сѐ треба секогаш да внимаваме да бидеме пристојно облечен, а највеќе од сѐ да се чувствуваме пријатно во тоа што го носиме, па така како и секоја жена гледам да бидам коректна во изгледот и најважно да бидам уредна секогаш.“
Повеќе фотографии од Аида Зибери:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело