Аида Зибери - урбана дама од нашите ТВ екрани, посветена мајка и сопруга со страст за патувања (фото)
- Детали
- среда, 07 септември 2022
„Мислам дека за да опстоиш толку многу време пред телевизиските екрани потребен е цврст карактер. Тешко е да се балансира телевизиската кариера со семејството, но благодарение на поддршката од главниот столб што го имам, мојот сопруг, успевам...“, раскажува Аида Зибери (32) за CRNOBELO.com, која моментално води емисија на МРТ2.
Аида Зибери (32) со живеалиште во Скопје е добропознато лице од нашите ТВ екрани. Таа е негувана дама со урбан моден стил, која едновремено покрај успешен новинар и презентер, е и посветена мајка и сопруга.
Аида ja обожава телевизијата и вели дека уште од мала сонувала за да биде пред телевизиските камери.
Аида споделува детали за својата кариера, но и приватен живот за CRNOBELO.com:
„Телевизијата беше моја желба уште од најраното детство.
Почетоците на мојата кариера во новинарството, конкретно водителството, започнаа во септември 2008 година во локалната телевизија Ера, каде што бев дел од забавните емисии...
Можам слободно да кажам дека тоа беше периодот кога човек почнува да го гради својот карактер веднаш по завршувањето на средното училиште.
По тој период во 2014 година станав дел од јавната медиумска куќа МРТ2 каде што избрав да се вклучам во утринската емисија „Разбуди се со нас“.
Последниве години ја водам попладневната емисија „Ритамот на денот“ во која се најдов повеќе. Новинарството и водителството и двете заедно се една многу интересна професија која ве држи постојано цело време поврзани со светот и активни, па се случува да бидам презентер на различни културни, општествени и политички настани.
Мислам дека за да опстоиш толку многу време пред телевизиските екрани потребен е цврст карактер.
Тврдоглавоста и упорноста за да ги правам соништата опипливи, храброста да верувам во моите способности, посветеноста кон работата, благодарноста и почитта беа главните точки што го задржаа мојот профил на екранот толку многу години.
Работењето на телевизија не е толку вообичаено како другите професии, бидејќи соочувањето со камерите и гледачите вообичаено бара посветеност, почнувајќи од надворешниот изглед, шминката и фризурата.
Тешко е да се балансира телевизиската кариера со семејството, но благодарение на поддршката од главниот столб што го имам, мојот сопруг, успевам