Бајковитата свадба на Дарко и Верче од Скопје, со гулаби, прскалки и уникатен бидермаер: „Многу работи направивме сами“
Во месец април започнавме да ја подготвуваме стаклената кутија за бурмите во која имаше дрвено персонализирано трупче со нашите имиња и датумот на нашата црковна венчавка 30.07.2022 година.
Кога станува збор за бидермаерот, тој е навистина уникатен и единствен до овој момент кој го изработија од „Galaxy & Golden Rose“ од Galaxy ружите кои менуваат боја на сончева светлина и имаат навистина дијамантски сјај.
Јас, како младоженец, имав и манжетни во златна боја на кои беа изгравирани нашите иницијали, како и датумот на нашиот најсреќен ден.
Кога станува збор за невестинскиот фустан, тој е шиен по мерка и рачно изработен со посебна техника на везење на цирконите во горниот дел од истиот.
Црковниот брак се одржа во манастирот „Св.Пантелејмон“ сместен во срцето на шумата Водно кој датира од далечната 1164-та година или 12 век, додека граѓанскиот брак го склучивме под отворено небо и на зајдисонце на терасата на самиот ресторан.
Матичното беше збогатено со тивка музика која нè придружуваше целото време од страна на виолинистот Бојан Ефтимов, како и здравица со шампањ за најблиските присутни.
Веднаш после матичното го имавме и најромантичниот дел кога во име на нашата љубов пуштивме да полета цело јато гулаби. Гулабите беа многу мирни, а и двајцата за првпат имавме можност да држиме во рака и да ги погалиме птиците
Терасата исто така беше декорирана според нашата замисла и истата ја украсивме самите на денот на свадбата, а насекаде надвор како и внатре имаше розови балони во форма на срциња наполнети со хелиум.