Сестрите Татјана и Тамара (24) од Свети Николе изработуваат бајковити креации за мали принцези и мајки: „Важно е да се одбере соодветен материјал за секоја креација“
Постепено сама по себе дојде идејата за создавање на бајковити детски модели, а со голема упорност полека го реализираме нашиот сон.
Во нашето ателје се создаваат детски модели, но и исти модели за мајки и ќерки кои се вистински тренд кај нас и во светот - „mother and daughter“ мечинг креации, како и модни додатоци кои го комплетираат изгледот.“
Покрај нивната колекција, изработуваат и модели по нарачка на клиентите и се обидуваат секогаш да ги реализираат замислите на родителите.
„Нема поголемо задоволство од детските насмевки на дечињата облечени во наши креации.“
Во MINIE'S by sisters може да најдете раскошни модели со впечатливи детали и апликации, елегантни креации изработени од висококвалитетни материјали внимателно одбрани – „Нема ништо поважно од тоа децата да се чувствуваат удобно во она што го носат. Не постои добра креација направена со лошо избран материјал. Важно е да се одбере соодветен материјал за секој модел.“ - велат Маневи.
Во моментот тие работат на овогодишната зимска колекција за која велат дека ќе биде навистина посебна и со нетрпение очекуваат да биде достапна за нарачка.