Зои Блаж: „Завршив на инфузија пред свадба поради напорните подготовки, но вредеше – свадбата ни беше магична“

zoi-blazh-zavrshiv-na-infuzija-pred-svadba-poradi-napornite-podgotovki-no-vredeshe-svadbata-ni-beshe-magichna-08.jpeg

Заедно ги смисливме и двете венчаници и искрено добив премногу убави зборови и многу пораки што баш ми прави да се чувствувам посебно. Станува збор за млада и талентирана креаторка Ана Дајагри, верував во неа, се дружиме доста години и решив да ѝ се препуштам и не згрешив.

zoi-blazh-zavrshiv-na-infuzija-pred-svadba-poradi-napornite-podgotovki-no-vredeshe-svadbata-ni-beshe-magichna-10.jpeg

Топло им ја препорачувам на идните невести ако сакаат да изгледаат урбано и специфично. Двете венчаници ми ги изработи таа.

Бидермаерот и китенките ми ги изработи Мила од Гладиола и ми ги надмина очекувањата, имав два пара сандали, како и патики Армани.

Фризурата ми ја правеше мојот драг другар Станче, кај него одам веќе 6 години и не го менувам, а за шминката се погрижи мојот драг колега Зоран Шурбевски и сум презадоволна како ме нашминка – буквално како што се имав замислено.

zoi-blazh-zavrshiv-na-infuzija-pred-svadba-poradi-napornite-podgotovki-no-vredeshe-svadbata-ni-beshe-magichna-06.jpeg

Свадбата се одржа во ресторанот Парк Гиновци“ во Крива Паланка. Со кумата бевме еден викенд на уживање таму и се заљубив во природата што ја има комплексот, во мирот и спокојот.

Му покажав на Тадеј и на него му се допадна бидејќи е поразлично од другите места и лесно се договоривме да правиме свадба таму.

zoi-blazh-zavrshiv-na-infuzija-pred-svadba-poradi-napornite-podgotovki-no-vredeshe-svadbata-ni-beshe-magichna-02.jpeg

Матичното требаше да биде на отворено и беше друга замислата, но поради времето моравме и тоа во затворено да го правиме како и целата свадба, но на крај беше и тоа преубаво, иако не беше како што замисливме.

За музичкиот дел беа ангажирани Бендот на браќата Нуне со Мими Јовановска, Бокс Конга и диџеј Мац. Прекрасна спојка направив и сега да правам свадба сè исто би било кога сме кај бендовите. Преубава забава направија и сум пресреќна што ги одбрав вистинските.

Музичкиот дел го бирав јас бидејќи имам завршено музичко и имам доста познавање и пријатели како што се и они затоа и ги одбрав и сум пресреќна што и Тадеј беше воодушевен.

Првиот танц ни беше на „Нисам те због лепоте волео“, која ни ја отпеа Мартинијан Кириловски, а во забавниот дел пееше и Александра Јанева.

zoi-blazh-zavrshiv-na-infuzija-pred-svadba-poradi-napornite-podgotovki-no-vredeshe-svadbata-ni-beshe-magichna-09.jpeg

Овојпат немавме венчавка во црква, договорени сме да имаме кога ќе добиеме детенце. Не беше класична свадба направивме микс од двете страни, не правевме баш класична традиционална свадба.

За свадбениот ден ништо не би сменила, тој ден за мене беше најубавиот ден што ми се случил, толку бевме возбудени, среќни и исполнети. Многу бев среќна што вистинските луѓе беа покрај нас и ништо не би сменила, фала им на сите што ни направија чест.

zoi-blazh-zavrshiv-na-infuzija-pred-svadba-poradi-napornite-podgotovki-no-vredeshe-svadbata-ni-beshe-magichna-12.jpeg

По свадбата на кратко бевме во Грција, а официјално здравје на меден месец сакаме да одиме во Доминиканската Република.“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Матеа од Македонија и Ејдан од Англија се венчаа на Бали: „Наместо да трошиме многу пари за една ноќ... „Кога кажавме дека се откажуваме од големата свадба, нашите родители беа среќни ...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Андријана Петрушовска пред финалето на „Гранд“: „Постои ривалство меѓу кандидатите, но секој е дојде... „Се трудам секогаш да сум стилски облечена, бидејќи сцената тоа го бара. А прива...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg