Елена „Живот со стил“ за свадбата со саканиот Бојан: „Сменивме локација во последните 48 часа, но ја имав својата италијанска бајка“
На прашањето дали нешто успеало да ѝ го расипе расположението на свадбениот ден, Елена вели:
„Воопшто. Најважно ми беше дека дента се мажам за човекот кој го сакам. Апсолутно ништо, па ниту еден дожд не можеше да ми го расипе расположението.
Атмосферата беше прекрасна од самиот старт. За време на приемот гостите беа пречекани од женското гудачко трио „Trinity Strings“ или девојките на виолина Сандра, Ина и Марта, на првиот танц ни пееше Павле Камилоски, веднаш потоа продолжија момците од Арија Бенд, а на крај наш специјален гостин беше позната српска музичка ѕвезда Никола Роквиќ.
И искрено на мојот свадбен ден не би променила апсолутно ништо.
Најважен совет до сите невести е да бидете опуштени додека се подготвувате и дека токму непредвидените работи ќе ја направат вашата свадба најубава.
Сега, по целата организација, планирам да одморам и кон крајот на септември со мојот сопруг да отидеме на меден месец на некоја егзотична дестинација.
Моето запросување беше на Нова Година во Москва, па сега сакаме да креираме нови, прекрасни, заеднички спомени на некоја топла дестинација со бел песок и тиркизна вода.“
Повеќе фотографиии од свадбата на Елена и Бојан:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело