Елена „Живот со стил“ за свадбата со саканиот Бојан: „Сменивме локација во последните 48 часа, но ја имав својата италијанска бајка“

Елена за CRNOBELO.com открива кој ѝ бил друг омилен миг од свадбениот ден, покрај свадбениот танц :

„Дефинитивно, најмногу уживав во црковната церемонија. За мене бракот е навистина нешто свето и чувството што го имав додека бевме во црква е прекрасно и неопсиливо.

elena-zhivot-so-stil-za-svadbata-so-sakaniot-bojan-smenivme-lokacija-vo-poslednite-48-chasa-no-ja-imav-svojata-italijanska-bajka-07.jpg

Свадба без црковна венчавка според мене не е свадба и овој најсвет чин за мене е полн со длабоки емоции. Нашата црковна венчавка ја направивме во соборниот храм Свети Климент Охридски.“

elena-zhivot-so-stil-za-svadbata-so-sakaniot-bojan-smenivme-lokacija-vo-poslednite-48-chasa-no-ja-imav-svojata-italijanska-bajka-08.jpeg

elena-zhivot-so-stil-za-svadbata-so-sakaniot-bojan-smenivme-lokacija-vo-poslednite-48-chasa-no-ja-imav-svojata-italijanska-bajka-09.jpeg

За изборот на венчаница, чевли, бидерамер и комплетно нејзиниот изглед, Елена открива:

„Венчаницата ја купив од Солун. Последнивте години сум заљубена во брендот „Milla Nova“ и секогаш со внимание ја следам нивната работа. Точно знаев каков модел ми стои и отприлика ја замислив и својата венчаница.

elena-zhivot-so-stil-za-svadbata-so-sakaniot-bojan-smenivme-lokacija-vo-poslednite-48-chasa-no-ja-imav-svojata-italijanska-bajka-04.jpeg

Кога влегов во продавницата во Солун одбрав 5 венчаници за проба. Оваа што ја одбрав за пробување беше 4-та. Кога ја облеков и велам на другарка ми: ‘Мислам дека ја најдов’.

Излегов од соблекувална и веднаш другарка ми ми упати коментар:

‘Тоа е тоа Елена! – Oва си ти!’

И вистина, од прва се пронајдов.

На денот на свадбата речиси цел ден си ја носев, беше навистина пријатна и лесна за носење.. Но, на на некои 3 часа пред крајот на свадбата сакав да се преоблечам во некое бело кратко свечено фустанче и за среќа младата дизајнерка Моника Димова се погрижи за вториот фустан, во кој се чувствував навистина опуштено и пријатно.

elena-zhivot-so-stil-za-svadbata-so-sakaniot-bojan-smenivme-lokacija-vo-poslednite-48-chasa-no-ja-imav-svojata-italijanska-bajka-001.jpg

Избрав чевли од брендот „Jimmy Choo“ затоа што овој бренд отсекогаш ми бил асоцијација за префинетост, елеганција и женственост. Најдобро облечените дами во светот носат „Jimmy Choo“ и без двоумење се одлучив за овој бренд. Навистина се удобни.

elena-zhivot-so-stil-za-svadbata-so-sakaniot-bojan-smenivme-lokacija-vo-poslednite-48-chasa-no-ja-imav-svojata-italijanska-bajka-05.jpeg

За шминката се погрижи Милена Косиќ, фризура „Hair Do“ салонот, а за бидермаерот се погрижи Елена од „Fancy Flower Boutique“.

elena-zhivot-so-stil-za-svadbata-so-sakaniot-bojan-smenivme-lokacija-vo-poslednite-48-chasa-no-ja-imav-svojata-italijanska-bajka-13.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

„Прљаво казалиште“ за CRNOBELO: „Во Прилеп скршив рака, тоа е ‘спомен’ од Македонија што ќе го памта... „Песната Marina е наша 'лична карта' последниве години. Уште пред концерт н...
Елена Поповска, сликарка: „Не сум фрлила платно, но знам да го преработам ако не ја гледам истата ем... „Сите мои досегашни слики сами се насликале и најчесто маратонски ги 'раѓам' пор...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Елена Јовческа, естраден уметник: „Свирам 4 инструменти, но гајдата ме прави препознатлива“ „Освен гајда понекогаш може да засвирам зурли и пијано. Салонот за убавина ми е ...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg