Валерија, Русинка која 10 години живее во Демир Капија: „Бев шокирана кога првпат стигнав тука, виното и ајварот ми се омилени“

„Во Македонија најмногу ми се допаѓа топлината на луѓето, отвореноста и можностите за бизнис, а најмногу ме нервира неодговорноста и нетактичноста на луѓето. Вашето „Да, ќе биде, ќе дојдам, ќе направам“ – често не значи ништо. Ние Русите сме научени дека ако ветиш – мора да исполниш...“, раскажува Валерија Кленова (35), мајка на две деца, од Воронеж, Русија, на која Демир Капија ѝ е дом веќе 10 години.

valerija-rusinka-koja-10-godini-zhivee-vo-demir-kapija-bev-shokirana-koga-prvpat-stignav-tuka-vinoto-i-ajvarot-mi-se-omileni-01.jpg

Валерија Кленова (35) од Воронеж, Русија, маркетинг-менаџер по професија, живее во Македонија од 2012 година. 

Валерија е мајка на две деца и тоа синот Лев (10) и ќерката Амалија (5) и вели дека тие одлично ги владеат и рускиот и македонскиот јазик.

За животот во Македонија и како jа донела одлуката да се досели тука, Валерија открива за CRNOBELO.com:

Со што се занимаваш во Македонија?

Со поранешниот сопруг, исто така Русин, работевме заедно сопствен бизнис – кампинг за сместување на гости, развој на спортски-качувачкиот локалитет Демир Капија, го организиравме спортскиот клуб Демир Капија, а организиравме и спроведувавме различни спортски (домашни и меѓународни) натпревари и фестивали. Јас држев и часови по јога и бевме навистина успешни.

Честопати бевме учесници на различни промоции и настани. Бевме дел и од промотивната реклама „Дома си е дома“ во 2020-та година.

Гостувавме и во ТВ емисија на МРТ кај Ели Танасковска и дававме многу интервјуа за различни списанија.

Во 2015-та година го снимивме првиот руско-македонски филм со руски режисер.

Сега, сум маркетинг-менаџер и уживам во работата, но не се откажувам од природата.

valerija-rusinka-koja-10-godini-zhivee-vo-demir-kapija-bev-shokirana-koga-prvpat-stignav-tuka-vinoto-i-ajvarot-mi-se-omileni-05.jpg

Што те донесе во Македонија, а што те задржа тука?

Јас отсекогаш сакав да го сменам местото на живеење, поточно градот од каде што потекнувам. Кога се омажив во 2011 година ние почнавме да размислуваме „каде да се преселиме и каде да живееме“.

Мојот поранешен сопруг по професија е тренер по спортско качување, алпинист и спортски качувач, организатор на различни обуки, настани и натпревари во таа област. Тој соработувал со многу различни држави, меѓу кои беше и Македонија, па ми предложи да се преселиме или во Тајланд или во Македонија и да создадеме наш бизнис.

Јас ја одбрав Македонија поради различни причини. Така ние дојдовме тука да соработуваме со локалната спортска качувачка федерација, да го развиваме качувачкиот локалитет во Демир Капија и да отворивме наш кампинг центар.

valerija-rusinka-koja-10-godini-zhivee-vo-demir-kapija-bev-shokirana-koga-prvpat-stignav-tuka-vinoto-i-ajvarot-mi-se-omileni-12.jpg

На почетокот беше многу тешко. Јас сум по потекло од голем град, со сосема друг ритам и услови за живот, со друг менталитет, јазик … сè беше поинакво.

Но, со текот на времето Македонија ме освои и јас почнав да се чувствувам тука како дома.

Топол народ, прекрасна природа, послободен живот – тоа беа нови работи за мене и ми отворија нови хоризонти во мојот живот.

valerija-rusinka-koja-10-godini-zhivee-vo-demir-kapija-bev-shokirana-koga-prvpat-stignav-tuka-vinoto-i-ajvarot-mi-se-omileni-07.jpg

Од каде потекнуваш, до колку години живееше во Русија и какви спомени носиш оттаму?

Јас сум родена во еден убав град кој се вика Воронеж. Тоа е голем град, над милион жители и е центар на една област, која е поголема од Македонија.

Јас живеев таму до моите 25 години, па потоа се преселив во Македонија. Носам многумина спомени оттаму.

Завршив училиште, потоа Економски факултет, па работев повеќе од 6 години сметководство, бев во спортски качувачки тим околу 10 години, танцував во балетска група околу 2 години, се занимавав со моделинг исто околу 2 години.

Патував многу поради спортски натпревари, но и приватно за да посетам некои концерти и слично. Животот ми беше доста активен и интересен. Имам многу пријатели со кои комуницирам до ден денес.

Таму ми заврши еден дел од мојот живот и тука во Македонија пишувам нова приказна.

valerija-rusinka-koja-10-godini-zhivee-vo-demir-kapija-bev-shokirana-koga-prvpat-stignav-tuka-vinoto-i-ajvarot-mi-se-omileni-08.jpg

Зошто за Москва имаш само најубави зборови?

Живеев и во Москва кратко и пред да се омажам, бев подготвена за да се преселам во Москва засекогаш.

Го обожавам тој град – многу динамичен, културен, збир на интересни луѓе, настани, можности итн. Но, животот ме одведе во поинаква насока.

Каков ти беше првиот впечаток за Македонија?

Сè што паметам е дека беше многу жешко (стигнавме тука на 25 јули) … Беше неподносливо жешко! Градот Скопје ми остави чуден впечаток – коњи по улица, стари југословенски автомобилчиња кои јас ги сликав на секој чекор, мешавина на урбан стил и интересен турски дел, каде првпат јадевме. Се сеќавам беше многу евтино и превкусно.

Потоа, тргнавме за Демир Капија, а јас цел пат гледав прекрасни планини и бев воодушевена.

Во Демир Капија доживеав уште еден шок – затоа што знаев дека таму треба да останеме. И си кажав дека тоа не е возможно и јас не можам да живеам во село! Но, веќе 10 години сум тука и кај нас се кажува „нема ништо потрајно од привременото“.

valerija-rusinka-koja-10-godini-zhivee-vo-demir-kapija-bev-shokirana-koga-prvpat-stignav-tuka-vinoto-i-ajvarot-mi-se-omileni-11.jpg

Колку животот во Македонија е поинаков од животот во Русија?

Тука не споредувам само глобална разлика во менталитет, но и разлика помеѓу животот во село и животот во град.

Ние во градот живеевме со катастрофален дефицит на време. За ништо немавме време, за самиот живот се немаше време.

Тука е многу полабаво, мирно и луѓето имаат време за сè, но од друга страна имаат недостаток во културниот живот, образованието, квалитетни продукти.

Во Русија е многу построго, мора да бидеш многу одговорен, јасно да гледаш на работите и напорно да одиш кон своите цели.

За 10 години јас почнав малку да се стабилизирам тука и научив да го спојам најдоброто што го зедов од животот во Русија со најубавите работи што ги пронајдов тука. Таквата комбинација ми помогна многу за мојот личен развој и ми отвори некоја моја лична филозофија на живот.

Веќе не гледам ниту разлики, ниту граници а одам напред и го правам тоа што е важно и правилно за мене и луѓето околу мене.

valerija-rusinka-koja-10-godini-zhivee-vo-demir-kapija-bev-shokirana-koga-prvpat-stignav-tuka-vinoto-i-ajvarot-mi-se-omileni-13.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg