Како изгледа денес Дарко Давитковски - момчето што ја oтпеа „Сакам кола убава“ во 1995 година?
Денот го започнувам со спорт, а слободното време го поминувам со семејството и пријателите. Пасија ми се сериите, па знам да изгледам серија за еден викенд.
Многу го сакам и играњето на плејстејшн, но за жал, морав да го сведам на минимум заради други приоритетни обврски.
По музиката, дел од мојот живот го одбележа и политиката.
Во еден период бев претседател на Социјалдемократската младина на Македонија, бев член на Извршниот одбор до 2017 година, но животот понекогаш ти ги одредува приоритетите и одговорностите и тој ме врати во семејната фирма, а политиката и општествената одговорност со интерес за промени и напредок кон подобро живеење, работење, создавање остануваат да бидат мој иден приоритет не само за нас, туку и за нашите деца.“
Потсетете се на култната детска песна:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело