Деспина од Скопје чува зајче: „Пинки обожава банани, а им ги грицка и чантите на моите другарки“

Како реагира зајчето кога ви доаѓаат гости? Постојат ли правила што смеат, а што не смеат да прават гостите кога станува збор за односот кон него?

Пинки и општо зајчињата имаат јак слух, тие се плашат од секое нагло движење, па гостите потребно е да не прават гласни звуци и нагли движења.

despina-od-skopje-chuva-zajche-pinki-obozhava-banani-a-im-gi-gricka-i-chantite-na-moite-drugarki-06.jpg

Со што се храни зајачето? Колку пати дневно е потребно да му подготвиш оброк и со што најчесто го храните?

Пинки конкретно го хранам со сено, јаболка, обожава банани, од зеленчук краставица и морков, а исто морам да кажам дека Пинки сака многу смоки, па знам еднаш во денот да му дадам награда.

despina-od-skopje-chuva-zajche-pinki-obozhava-banani-a-im-gi-gricka-i-chantite-na-moite-drugarki-10.jpg

Дали си имала некој немил настан со зајачето?

Да, ги грицка сите чанти на моите другарки. Тој по природа е глодар, но јас знам да го заборавам тој дел и потоа ќе видам скинат кабел и ќе се сетам.

despina-od-skopje-chuva-zajche-pinki-obozhava-banani-a-im-gi-gricka-i-chantite-na-moite-drugarki-04.jpg

Сака ли галење? Кој член од семејството му посветува најмногу внимание?

Многу се гали и најмногу време поминува со мене.

despina-od-skopje-chuva-zajche-pinki-obozhava-banani-a-im-gi-gricka-i-chantite-na-moite-drugarki-07.jpg

Зошто ти се допаѓа зајчето како домашен миленик?

Затоа што е нежно, мало и преслатко животно.

despina-od-skopje-chuva-zajche-pinki-obozhava-banani-a-im-gi-gricka-i-chantite-na-moite-drugarki-05.jpg

На што треба да бидат подготвени луѓето доколку размислуваат да вдомат ваков миленик?

Да не го мешаат со друго животно, да имаат трпение додека си направи навики, да ги тргнат сите подраги предмети и кабли повисоко и да не се двоумат - зајчето е едно преслатко животно кое нема да му слушнете глас, а секогаш ќе го имате неговото внимание.

despina-od-skopje-chuva-zajche-pinki-obozhava-banani-a-im-gi-gricka-i-chantite-na-moite-drugarki-11.jpg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg